Датум: 20-21ви Јануари

Начин: Физичко присуство (Локацијата ќе им биде испратена на учесниците)

Времетраење: 6 часа (од 10 – 16 часот)

Износ за учество: 3000 ден

Начин на плаќање : Онлајн

Ограничен број на места: 12

Опис на работилницата

Работилницата ВРАТА  ќе биде исполнета со интерактивни активности каде учесниците преку низа на вежби, мапи на расположенија, меѓусебна интеракција, мали макети ќе ги истражуваат потенцијалите на вратата како важен елемент во архитектурата. 

За кого е наменета?

Работилницата ВРАТА  е наменета за студенти по архитектура, млади архитекти и сите возрасни лица кои што сакаат да испробаат еден поинаков начин на доживување на градот, преку разговор, мапирање, опсервација, изработка на мали макети, работа со раце,… Наменета е за сите оние кои што имаат идеи за својот град, сакаат да ги истражат повеќе, да ги споделат пред одредена група и да направат некаква промена.

Каква е програмата?

Програмата на ВРАТА  вклучува:
– прошетка низ Дебар Маало и документирање на Врати
– средба и споделување на искуствата
– дискусија на темата што за секого значи ВРАТА? 
– групирање во групи врз база на првата вежба
– одбирање на ВРАТА која што ќе се дизајнира
– работа во група, за можни промени во просторот
– Изработка на мала макета од можната интервенција
– Презентација на интервенциите пред групата 

Работа со рака, интересни и неконвенционални материјали.

Кој е ментор на работилницата?

Ментор на работилницата е архитект од МЕЛЕЕМ Скопје, со +7 годишно интернационално искуство на работа на работилници на теми поврзани за градот и одржлив развој. 

Доколку имате прашања пишете ни на info@meleemskopje.com

Литература која што ќе ја кориситме: