Како градот Скопје да ги препознае просторните и културните вредности и предизвици на денешницата и да предизвика визии за идно урбано созревење, 55 години по настаните од 1963?

Две паралелни бесплатни работилници ќе се одржат од 27ми до 30ти октомври, една работилница по архитектура предводена од Сара Симоска и една по поезија предводена од
Калиа Димитрова.

Работилницата по Архитектура ќе се служи со колажот како алатка, а крајна цел ќе биде поставување на просторна инсталација во детално избрана локација, со што ќе привлечеме поголемо внимание кон граѓаните на Скопје за нашите визии за нашиот град.

Работилницата по Поезија ќе вклучува вежби за креативно пишување и разговори за личното видување и доживување на градот од страна на учесниците, со цел изработка на кратки книжевни дела кои ќе бидат изведени при просторната инсталација.

Дополнително на 4 дневните работилници ќе се приклучат гости со кратки презентации, активни граѓани на Скопје кои со својата работа ја потресуваат нашата реалност и не мотивираат да сонуваме:

Христина Секулоска и Ирена Милојеска | ХИМА
Мартин Пановски
| AAM, RADiUs
Иван Шопов | 091 – Антиразгледници од Скопје
Бранислав Спировски и Димитар Попов | Reborn
Даница Павловска Циги | ААМ, Го сакам ГТЦ
Илија Стефановски | [0.10]error of harmony
Васил Шемкоски
| Скопје 091
Трајко Димитров | архитект од првата генерација архитекти на Македонија
Филип Конески и Мартина Штериова
| МАРХ
Владо Данаилов | Архи.тек и Студио 90
Маја Лозаноска | МЕЛЕЕМ Скопје
Дарко Поповски | Ego Disco и Pluto’s Doubts

Дополнителни гости ќе бидат допишани на оваа листа

+ 1 странски гостин

Ирене Манцини, истражувач од Италија на UCL Аrchitecture London

По завршување на истражувачкиот дел од проектот, ќе биде креаирана интерактивна публикација.

 

пријави се>>>

 

Скопје 55 : Архитектура

 

Скопје 55 : Поезија

 

пријави се до 24ти октомври, резултати на 25ти октомври на вашиот емаил
*
заради големата заинтересираност, ќе бидат исконтактирани само оние кои што се примени во работилницата

* Присуството на сите активности во деновите на работилниците е задолжително за сите учесници

* Сите учесници ќе добијат сертификати за учеството

* Сите учесници по Архитектура ќе добијат фотографии од една изведена просторна инсталација за во нивното портфолио

* Сите учесници по Поезија ќе ги имаат своите песни објавено во интерактивна публикација, дополнително издадена

* Ограничувањето е 7 студенти по работилница, тотално 14-15 студенти од двете работилници
Заради големата заинтересираност ќе се прошири бројот до 10 студенти по работилница. 

* Доколку имате прашања пишете на meleemskopje@gmail.com

 

mood…