Каква архитектура најмногу ти се допаѓа?Што мислиш за македонската?
Па не знам дали од самата реченица, дека архитектурата е наука за иднината, во глобала сакам современа уметност, не дека не се воодушевувам на историските дела, али секогаш појдувам од моја точка на гледање, така да јас би избрала моментално движење, создавање, модерно.
За Македонската искрено не се приврзувам многу, би ги извдоила куќите во Галичник (масивен камен), дрво(чардаци), рашкос во просториите, кој е воедно за мене едно од поубавите места воопшто што сум ги посетила.
Која е твојата цел на личен и професионален план?
Мојата цел, не е цел, повеќе е став, да се надоградувам себе секојдневно, да го работам тоа што ме исполнува, да се инспирирам, да инспирирам други, да ја оживувам креативноста и да се фокусирам кон зацртаните работи.