Како да го користиш Photoshop за уредување на пресек и фасада?
Пресеците и фасадите се архитектонски цртежи кои што го претставуваат објектот или теренот, пресечен и каде можеме да го видиме развојот на просторот по вертикала. Пресекот ни прикажува технички како просторот се развива по катовите, додека фасадата ни прикажува какво е фасадното облукување. Овие два иако за нијанса помалку важни од основата, сепак се исклучително потребни цртежи на кои што треба да се посвети големо внимание, за да проектот биде комплетен. Во овој текст разгледавме примери како Photoshop може да ги истакне квалитетите на цртежите пресек и фасада. Прочитајте…
приказ на околината на објектот
Со помош на алатките на Photoshop, архитектите можат да го покажат проектот во пресек, внесен во непосредната околина, зеленилото, теренот, движењето на сонцето и многу друго. Ваквиот стилизиран приказ дава поголем контекст за природниот и урбаниот амбиент во кој објектот се наоѓа. На овој начин, можеме подобро да сфатиме за одлуките кои низ процесот на проектирање се донесени. Исто така, може да се потенцира конструктивниот систем, како и просторното значење на истиот.
динамика на формата и материјалот
Со помош на алатките на Photoshop линијата помеѓу пресекот и фасадата станува замаглена. Преку овие алатки можат да се уредат цртежи кои ќе имаат улога на пресек, но истовремено ќе даваат информации за материјалноста на одредени делови. Додавање на контекстот или позадината ќе додаде дополнителна вредност која што ќе создаде амбиент, на пример на планинарски дом, како на примерот. Фузијата на сите овие елементи целосно го внесува гледачот на проектот во амбиентот и проектот и фасадата се повеќе се доближуваат до рендерот.
запиши се на обуката за архитектонски цртеж со користење на Photoshop
прикажување на фасадата од блиску
Со помош на алатките на Photoshop, архитектите можат најдобро да ја истакнат материјалонста на фасадата во зумиран приказ. Ваквиот стил на прикажување е актуелен веќе неколку години, но и истовремено не престанува да биде ин. Тоа е така затоа што стилот на прикажување е истовремено и архитектонски точен (има технички информации и е во размер) и е графички атрактивен. Вообичаено фасадите во минатото беа досадни цртежи кои што се цртаа заради тоа што така бара проектната програма, со помош на алатките на Photoshop овие цртежи стануваат уметнички дела.
внесување на перспектива
Со внесување на перспективата во пресеците, проектот добива на длабочина и на просторна скокотливост. Ваквите цртежи можат да ги нагласат квалитетите на просторот и со тоа да го истакнат проектите кои што би биле во ваша конкуренција, доколку се работи за архитектонски конкурс. Алатките на Photoshop можат да го разиграат овој пресек, да внесат динамика, мистерија и креативност, која што е во линија со архитектонскиот проект.
На нашиот Pinterest профил направивме селекција на пресеци и фасади кои што нас ни се допаднаа и кои што можат да бидат одлична инспирација. Погледнете