Опис: 10 дневна напредна онлајн обука 

Почеток: Обуката е поделена на два дела. 
Прв дел: 5ти – 9ти Септември
Втор дел: од 19ти – 23ти Септември.

Партиципација за обуката: 12.000 МКД

Ментор: Звонко Вугрешек

ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ОБУКАТА ДОБИВАШ ОНЛАЈН СЕРТИФИКАт и 3D изработен завршен проект со CNC ласер.

За менторот:

Звонко Вугрешек е архитект, алгоритамски дизајнер и „Digital Fabricator“ со долгогодишно искуство во повеќе компании, 5 годишен член на организацијата Design Morphine, а исто така е асистент на техничкиот факултет во Берлин. 

Звонко има изработено неверојатни проекти, а студентите во Берлин најмногу го почитуваат токму поради неговиот специфичен, непосреден начин на предавање и пренесување на неговото искуство. 

Доколку сакате да го совладате Rhino, Звонко е менторот од кого можете најмногу да научите. Под негово менторство на оваа обука ќе имате единствена можност за фабрикација и производство на вашата идеја , односно вашиот завршен проект ќе го произведете со CNC ласер. Произведувањето е вклучено во цената на обуката.

Дознајте повеќе за Звонко и погледнете повеќе негови проекти тука.

Што е Rhino И зошто неговата примена во архитектурата сè повеќе расте?

Rhinoceros 3D e софтвер за 3D моделирање со збир на комплексни 3D алатки, кои овозможуваат создавање на сложени форми со голема прецизност и детали. Софтверот е компатибилен со повеќето програми за дизајн, техничко цртање, прототипови, рендерирање и илустрација.

Rhino во архитектурата се користи со цел да се одбегне тешкиот процес на константни рачни преправки што секако ќе се појават во некоја фаза од проектот и на тој начин не се губи време на мануелно прецртување и исправање на грешките. Grasshopper е „plugin“ за алгоритамско моделирање во Rhino кој користи визуелен програмски јазик и служи како параметриска алатка за дизајн. Со помош на Rhino + Grasshopper може да се создадат најразлични параметрички решенија, дигитани фабрикации, 3D принтови и моментално е еден од најакутелните програми на светската архитектонска сцена.

Со помош на овој софтвер се моделираат структури во најразлични форми, а карактеристично е тоа што се користи параметрички дизајн кој како таков овозможува менување на формата врз основа на претходно дадени параметри.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА?

Обуката е наменета за сите студенти по архитектура и архитекти кои сакаат да ја искористат оваа алатка за да ги подобрат своите вештини, а потоа активно да ја користат истата за изработка на комплексни 3D дизајни. Обуката исто така е наменета и за оние кои немаат никакво познавање од софтверот, но и за оние кои веќе имаат некакво познавање, но им недостасува практично знаење.

ЗОШТО ДА СЕ ЗАПИШЕШ?

Освен што ќе научиш како прецизно да моделираш сложени архитектонски форми и решенија во 3D од почеток до крај, оваа обука вклучува единствена можност за фабрикација и производство на твојата идеја со помош на CNC ласер , а така произведениот завршен проект ќе можеш да го искористиш во твоето портфолио.

Со целосно совладување на овој софтвер ќе станеш конкурентен на домашниот и светски пазар на труд. Ќе можеш подобро да ги презентираш своите идеи пред домашните и странските инвеститори, а со тоа и да си обезбедиш постабилна заработувачка и подигнување на цената на твојот проект.

НА КОЈ ПРИНЦИП СЕ УЧИ?

Обуката опфаќа стручен и детален пристап со кој ги покриваме сите елементи на софверот преку практична едукација. Покрај суштинското разработување на програмата со цел да се зајакне вашиот перформанс на работа, обуката вклучува и „tips and tricks“ како и фабрикација на завршните проекти од студентите (со користење на CNC ласер) под менторство на искусиот архитект Звонко Вугрешек. Обуката се одржува онлајн во помали работни групи за да можете да го постигнете максимумот.

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

За да се пријавите на обуката потребно е да:

1. Извршите уплата (препорачливо со електронско банкарство или на шалтер) на ПП30 уплатница:

  • Сметка на налогопримач:  210068847250276
  • Назив на налогопримач: Здружение за развој на урбана култура и актуелизација на простор МЕЛЕЕМ Скопје
  • Адреса на налогопримач: Карпош – Скопје
  • Цел на дознака: Партиципација за обука за арх. цртеж – Rhino.

 2. Да ја пополните следната апликација

Откако ќе ја ивршите уплатата и ќе ја пополните апликацијата ние ќе ви испратиме потврден мејл дека успешно сте се пријавиле на обуката. 

Доколку имате било какви прашања, поставете ни ги на info@meleemskopje.com

Што ти е потребно доколку се запишеш на обуката?

Секој учесник треба да има инсталирано на својот компјутер Rhinoceros за квалитетно следење на обуката. Можете да ја симнете студентската или „trial“ верзија на официјалниот вебсајт.
Автоматски со уплатата резервирате место на обуката.

Често поставувани прашања

1. Сакам да прашам кое време во текот на денот би се одржувал курсот по Rhino и колку часа дневно би траел истиот?

МЕЛЕЕМ: Обуката ќе се одржува од 17:00 часот, но во договор со групата терминот може да се помести во 18:00 часот. Секој час трае по 90 минути (предавање и вежби) и 1 час домашна работа.

2. Дали бројот на учесници е ограничен?
МЕЛЕЕМ: Бројот на учесници не е ограничен.

3. Каде ќе се одвива обуката?
МЕЛЕЕМ: Обуката се одвива online, сите во својот дом.

4. Дали е потребно претходно познавање на софтверот?
МЕЛЕЕМ: НЕ, немате потреба од претходно познавање на софтверот. Обуката е дизајнирана да ви го објасни софтверот од самиот почеток.

5. Дали за обуката Rhinoceros е потребно претходно познавање на некој 3D софтвер?
МЕЛЕЕМ: Нема потреба од познавање на друг софтвер. Доволно е да го имате инсталирано Rhinoceros на вашиот компјутер. 

Доколку имате прашање пишете емајл на info@meleemskopje.com

Слушнете од менторот за дигитална фабрикација

*Погледнете ги проектите изработени од ментор архитект Звонко Вугрешек, можете да го погледнете и неговото портфолио на www.zvonkovugreshek.com

Со пријава на обуката се согласувате со Правилата за учество во активност организирана, коорганизирана или поддржана од МЕЛЕЕМ Скопје. 

Доколку се пријавите и го откажете вашето присуство заради лични причини, уплатените средства за партиципација можат да се вратат до 14 дена по уплатата. 

Можеби ќе те интересира…