РЕДИЗАЈН НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ – СКОПЈЕ
Локација ПЛОШТАД БАЛЕТ

БАЛЕТ – е  преобликувачката интервенција  на плоштадот Балет, кој претставува мал урбан џеб во самиот центар на град Скопје. Во суштината на концептот  лежи трансформабилност, односно можност да се менува просторот во различни временски интервали. Новото решение се состои од интервенции кои содржат нови елементи за седење, нови елементи за поставување на зеленило, нови светлосни елементи и апликација на силни бои со цел да го  разбуди  просторот и да му донесе нов амбиент.

Првата фаза на овој процес би била поставување на дрвена плтаформа oд дрвени летви (10см х 2см х должина по потреба) врз метална потконструкција околу постоечката структура за да се потенцира тој сегмент и да се издвои од површината на плоштадот. Поради тоа што околу скалишното јадро има перманентна бетонска структура со платформи за седење, врз неа додаваме нови дрвени платформи чија димензија варира во зависност на која страна се поставени.

Ваквата интервенција повлекува поставување на нов покривен елемент кој ќе ги заштитува дрвените платформи за седење. За да се постигне ова, се отстранува стариот полукружен лим и се поставува нов пофункционален, пластфициран лимен покрив кој ја следи геометријата на структурата и обезбедува заштита од природни влијанија. Неговата димензија е 11х9х7м.

Следниот чекор е затворање на скалите кои водат до подземниот паркинг поради тоа што се неупотребливи и моментално служат како дупка за отпад. Со нивното затворање се отвора површина за формирање на мали различни нивоа за седење од дрвени плочи поставени врз метална потконструкција. Плочите се всушност ОЅВ табли, офарбани во црвена боја.

 

Станува збор за метални кружни столбови. Овие елементи покрај светлосна функција, му даваат нова композиција на просторот и атрактивни визури кон него, гледајќи од пасажите. Исто така ги замислуваме и како елементи за потпирање во идеални ситуации кога нема да има доволно место за седење околу и во новата структура.

 

Последната интервенција која е вклучена во овој проект е вметнување на ново зеленило во рамките на можностите. За таа цел се озеленуваат кружните елементи и се поставува метална тенка мрежа на столбовите за вертикално израснување на вегетацијa која ќе му даде нов амбиент и карактер на просторот.

Преку ден плоштадот е приватно – јавен пред простор за луѓето што живеат таму и луѓето кои константо поминуваат низ него, а навечер тој простор се трансформира во збирно место за вечерните забави.
Преку оваа интервенција се решава главниот недостаток, дека луѓето константо поминуваат низ овој простор а никој не се задржува во него. Сега просторот добива една друга димензија со која ќе го привлекува вниманието на луѓето.

Тренер: Ирена Милојеска
Тим: Ана Гушева, Андреј Георгиевски, Ангела Трајанова, Асра Хамзаи, Марко Мараш

Работилницата се одржа на 14-15ти и 21-22ри декември во просториите на Skopje Urban Living Lab во старата Скопска Чаршија и беше организирана од Скопје Лаб – Центарот за Иновации на Град Скопје.


 

______________________________
REDESIGN OF PUBLIC SPACES – SKOPJE
LOCATION SQUARE BALLET

BALLET – is a reshaping intervention on Ballet Square, which represents a small urban pocket in the very center of Skopje. At the core of the concept lies the transformability, ie the ability to change space at different time intervals. The new solution consists of interventions that include new seating elements, new foliage elements, new light elements and the application of vibrant colors to awaken the space and bring a new ambiance.

The first phase of this process would be to place a wooden platform of wooden slats (10cm x 2cm x as needed) on a metal sub-construction around the existing structure to emphasize that segment and separate it from the square surface. In place of the permanent concrete structure, it has a permanent concrete substructure around the stair core with seating platforms, we add new wooden platforms whose dimensions vary depending on which side they are mounted on.

This intervention entails the installation of a new roof element that will protect the wooden seating platforms. To accomplish this, it is proposed to remove the old semicircular sheet and install a new, more functional, laminated sheet roof that monitors the geometry of the structure and provides protection from natural influences. Its dimension is 11x9x7m.

The next step is to close the stairs leading to the underground parking lot because they are unusable and currently serve as a waste hole. Their closure opens a surface for the formation of small different levels of seating from wooden plates mounted on a metal subframe. The plates are OHL boards, painted in red.

These are metal circular poles. These elements, besides the light function, give the space a new composition and attractive visions towards it, looking at the passages. We also envision them as an element of support in ideal situations when there is not enough room to sit around and in the new structure.

The last intervention included in this project is the incorporation of new greenery within the scope. For this purpose, the circular elements are insulated and a thin metal grid is set on the pillars for vertical growth of the vegetation which will give a new ambiance and character to space.

By day the square is private – a public space in front of the people who live there and the people who are constantly passing through it, and at night it is transformed into a gathering place for evening parties.

This intervention resolves the main disadvantage, that people are constantly passing through this space and no one stays in it. Now space is getting another dimension that will draw people’s attention.

Coach: Irena Milojeska

Team: Ana Gusheva, Andrej Georgievski, Angela Trajanova, Asra Hamzai, Marko Marash.

The workshop was held on December 14-15 and 21-22 in Skopje Urban Living Lab premises in the Old Skopje Bazaar and was organized by Skopje Lab – Center for Innovation in the City of Skopje.