Начин: Физичко присуство (Локацијата ќе им биде испратена на учесниците)
Времетраење: 3 часа (од 10 – 13 часот)
Износ за учество: 1000 ден
Начин на плаќање : Онлајн
Ограничен број на места: 12
Опис на работилницата
Работилницата ЈАС И МОЈОТ ГРАД ќе биде исполнета со интерактивни активности каде учесниците преку низа на вежби, мапи на расположенија, меѓусебна интеракција, мали макети ќе ги истражуваат потенцијалите на градот во кој живеат. Градот го користиме како инспирација за да истражуваме нови методи на дизајн. Исто така, ќе можат да даваат идеи, споделуваат искуства и потреби за можни промени на градот.
За кого е наменета?
Работилницата ЈАС И МОЈОТ ГРАД е наменета за студенти по архитектура, млади архитекти и сите возрасни лица кои што сакаат да испробаат еден поинаков начин на доживување на градот, преку разговор, мапирање, опсервација, изработка на мали макети, работа со раце,… Наменета е за сите оние кои што имаат идеи за својот град, сакаат да ги истражат повеќе, да ги споделат пред одредена група и да направат некаква промена.
Каква е програмата?
Програмата на ЈАС И МОЈОТ ГРАД вклучува: – запознавање на присутните 15 мин – вежба за мапирање на градот Скопје, со лични искуства 20мин – презентирање на вежбата – групирање во групи врз база на првата вежба – одбирање на еден јавен простор кој што е познат на групите – работа во група, за можни промени во просторот – Изработка на мала макета од можната интервенција – Презентација на интервенциите пред групата
Работа со рака, интересни и неконвенционални материјали.
Ментор на работилницата е архитект од МЕЛЕЕМ Скопје, со +7 годишно интернационално искуство на работа на работилници на теми поврзани за градот и одржлив развој.
Доколку имате прашања пишете ни на info@meleemskopje.com