НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА:
Дали со самото плаќање резервираме место на обуката?
Да, самата уплата ви обезбедува место, потоа ќе ви испратиме детални информации на емајл.
Дали треба да имаме претходно искуство со работа во странство?
Обуката е прилагодена за оние кои што немаат никакво работно искуство во странство, како и за оние кои што имаат искуство, но не се задоволни од проектите кои ги работат.
Дали ако уплатам денес ми е осигурано местото или има ограничен број на учесници?
Да, ако уплатите денес местото ви е резервирано. Ќе отвориме онолку нови термини колку што ќе има потреба, со цел предавањата да се следат квалитетно.
Што доколку се случи во термините во кои е обуката да имаме предавање?
Ќе не информирате и согласно ќе го поместиме терминот по предавањата. Уплатата нема да ви пропадне, но мораме да бидеме навремено известени пред обуката или еден ден пред започнувањето на обуката.