МЕЛЕЕМ организира интензивна 6 часовна обука на тема: Како да најдеш работа или клиенти во странство?
Опис: 6 часовна обука поделена во 2 дена
Термин: 16ти и 23ви Март 2024 (сабота)
10-13 часот
Партиципација за обуката до 16ти Март: 4.000 МКД
Специјална пријава до 1ви Март: 3500 МКД
Рана партиципација до 1ви Февруари: 3000 МКД
Ултра рана партиципација до 7ми Јануари : 2000 МКД
Формат: Онлајн
ЗОШТО ДА СЕ ЗАПИШЕШ?
Доколку се чувствуваш дека овдешниот пазар е мал за тебе, си пробал/а на повеќе работни места, но не чувствуваш дека твоите вештини, знаење и креативност биле вреднувани, оваа обука е за тебе. Исто така доколку си тукушто завршен/а со студиите, оваа обука може да ги скрати чекорите на пробување на многу работни места и разочарување.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА?
Обуката е наменета за сите студенти по архитектура и архитекти кои сакаат да работат за странски клиенти и за интернационален пазар. Оваа обука ќе се осврне на препознавање на вашите вештини, конкретни совети како и каде да барате работа, како да разговарате со интернационални клиенти и како да се продадете најдобро на интернационалниот пазар. Обуката ќе биде водена од ментори кои што имаат интернационално портфолио.
На кој принцип се учи?
Обуката опфаќа детален пристап во комбинација на предавања и вежби, каде учесниците ќе можат теоретски да се запознаат со можностите и практично да пробаат да најдат работа/клиенти. .
ШТО ТИ Е ПОТРЕБНО ДОКОЛКУ СЕ ЗАПИШЕШ НА ОБУКАТА?
Воља и желба за работа.
НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА:
Дали со самото плаќање резервираме место на обуката?
Да, самата уплата ви обезбедува место, потоа ќе ви испратиме детални информации на емајл.
Дали треба да имаме претходно искуство со работа во странство?
Обуката е прилагодена за оние кои што немаат никакво работно искуство во странство, како и за оние кои што имаат искуство, но не се задоволни од проектите кои ги работат.
Дали ако уплатам денес ми е осигурано местото или има ограничен број на учесници?
Да, ако уплатите денес местото ви е резервирано. Ќе отвориме онолку нови термини колку што ќе има потреба, со цел предавањата да се следат квалитетно.
Што доколку се случи во термините во кои е обуката да имаме предавање?
Ќе не информирате и согласно ќе го поместиме терминот по предавањата. Уплатата нема да ви пропадне, но мораме да бидеме навремено известени пред обуката или еден ден пред започнувањето на обуката.
Со пријава на обуката се согласувате со Правилата за учество во активност организирана, коорганизирана или поддржана од МЕЛЕЕМ Скопје.
Доколку се пријавите и го откажете вашето присуство заради лични причини, уплатените средства за партиципација можат да се вратат до 14 дена по уплатата.
Сите прашања постави ги на info@meleemskopje.com