Правилник за учество во активности организирани, ко организирани и поддржани од МЕЛЕЕМ Скопје

Член 1

Со овој правилник се уредува односот помеѓу Здружението МЕЕЛЕМ Скопје во кој се наоѓа како организатор, коорганизатор и поддржувач на активности и настани и самите учесници во активностите и настаните.

Член 2

Сите лица кои што се пријавуваат и се присутни на активности организирани, ко организирани или поддржани од МЕЛЕЕМ Скопје, се согласни на следните точки од правилникот:

  • Сите активности (работилници, обуки, семинари, предавања, вебинари, изложби, акции на терен и друго) на МЕЛЕЕМ Скопје се од јавен карактер согласно статутот на организацијата, член 23
  • Сите учесници на активностите организирани, ко организирани или поддржани од МЕЛЕЕМ сносат лична одговорност за нивното општо здравје
  • Сите учесници на активностите се должни да носат соодветна опрема како што е наведено за потребите на активноста (листови, прибор за цртање или пишување, лап топ, фотоапарат, метро и друго)
  • Сите учесници се сами одговорни за целата опрема која што ја носат за време на работилницата и ќе внимаваат да не настане оштетување на опремата. Доколку настане оштетување, учесникот си ги покрива трошоците за истата.
  • Сите учесници се должни да внимаваат и да се однесуваат домаќински во просториите во кои се одржува активноста
  • Сите учесници се должни да не навредуваат други учесници во работилницата по расна, национална, родова, партиска и било каква друга основа
  • Со оглед на тоа што активностите се од јавен карактер, МЕЛЕЕМ ангажира фотограф кој ги фотодокументира активностите кои што се случуваат за време на активностите
  • Фотографиите кои што се фотодокументирани МЕЛЕЕМ може да ги користи како свое работно портфолио за презентирање на својата работа при апликација за грантови, спонзорства, соработки локални и интернационални, објавување нови повици за нови активности и друго. Овие фотографии ќе бидат објавени на :
  • вебсајтот на МЕЛЕЕМ Скопје www.meleemskopje.com
  • инстаграм профил https://www.instagram.com/meleemskopje/
  • Facebook профил https://www.facebook.com/skopjemeleem
  • Youtube канал https://www.youtube.com/channel/UCix6LLrDQU3IvMqlPn_31lg
  • Доколку некое лице кое што учествува во активност организирана, ко-организирана или поддржана од МЕЛЕЕМ, од свои лични причини не сака да се објавуваат фотографии каде го има неговото/нејзиното лице на интернат каналите на МЕЛЕЕМ и за другите потреби на здружението, треба да напише барање по емајл на info@meleemskopje.com . Фотографијата од тоа лице ќе биде отстранета во рок од 48 часа од испратеното барање.
  • Доколку на фотографиите има малолетни лица, МЕЛЕЕМ се обврзува да побара барање за користење на фотографиите за претходно споменатите потреби од родител или старател.
  • Сите цртежи, дијаграми, колажи, концепт дизајни, рендери и било какви графички прилози кои што се изработени за време на активност организирана, ко-организирана и поддржана од МЕЛЕЕМ Скопје, ќе бидат транспарентно и јавно објавени и достапни на јавноста преку сите интернет канали на здружението. Како и ќе бидат достапни за бесплатен download како отворена библиотека со цел нивно понатамошно користење за други истражувачи на конкретната тематика, и со крајна цел остварување на целите на МЕЛЕЕМ регулирани со статут.