Основите и урбанистичките планови се примарни цртежи во прикажувањето на еден архитектонски проект. Додека урбанистичките планови ја прикажуваат поставеноста на објектот во поширока смисла, како и односот на објектот со другите соседни објекти и природата, архитектонската основа ја прикажува организацијата на просторот во внатрешноста на објектот. Заедничко на овие цртежи е тоа што и двата, ни го претставуваат објектот од горе, или од птичји поглед, само што во првиот не го сечеме објектот и го гледаме со неговиот кров, а во архитектонската основа, објектот се сече на висиона од 100cm.
Во овој текст, ќе разгледаме, како алатките на Photoshop можат значително да ја подобрат архитектонскиот цртеж основа: Урбанистички план или архитектонска основа. Прочитајте…

Подобар приказ на партерот
Стилот на прикажување на урбанистичкиот план или архитектонскиот цртеж е личен, но со помош на алатките на Photoshop, може да нурнеме малку подлабоко во материјалноста, сензибилитетот, амбиентот, како и пејзажното уредување на просторот околу зградата. Ова ни помага да разбереме дали се работи за кос или рамен терен, дали објектот е во близина на водена површина или во градска густо населена територија. Внесување на различни типови на дрвја исто дава поголема реалност на овие цртежи, затоа што во реалноста ретко кога дрвјата се исти.

хармонизирање на објектите со пејзажот
Со помош на алатките за уредување на основата или урбанистичкиот план во Photoshop, архитектите можат полесно и подобро да го согледаат целиот простор и при самото проектирање или пејзажно уредување да бидат покреативни и да донесат одлуки околу балансот помеѓу природата и архитектурата. Чекорот на пејзажно уредување, урбано планирање и архитектура не е праволиниски, туку напротив овие процеси се испреплетени и архитектонскиот цртеж со користење на Photoshop може значително да ги подобри и засили врските помеѓу овие навидум независни цртежи.
запиши се на обуката за архитектонски цртеж со користење на Photoshop
потенцирање на најбитните аспекти
Со помош на урбанистичкиот план во Photoshop, архитектите можат полесно да потенцираат кои се главни аспекти од проектот, и во ваквите услови, архитектонскиот цртеж не е само цртеж кој мора да се предаде на одреден клиент, конкурс, или проект за факултет. Со помош на овие алатки цртежот постанува став, претставува концепт на размислување и пренесува некаква идеја. Со помош на алатките на Photoshop цртежот може да предизвика емоција и подлабока дискусија. На овој начин, цртежот претставува истовремено и дијаграм и технички цртеж.

поврзување на надвор и внатре
Со помош на алатките во Photoshop, архитектите можат полесно да ја претстават врската помеѓу надворешниот и внатрешниот простор во проектот. Блискоста или разликата на материјалите кои што ќе се користат надвор и внатре може единствено да се претстави преку план кој што е отворен и кој што истовремено го покажува надворешниот и внатрешниот простор. Архитектонскиот цртеж со користење на Photoshop може да го издвои вашиот проект од низата пријавени проекти на архитектонски конкурс, заради јасноста во изразот.

На нашиот Pinterest профил направивме селекција на основи кои што нас ни се допаднаа и кои што можат да бидат одлична инспирација. Погледнете