ОБУКА ЗА АРХИТЕКТОНСКИ ЦРТЕЖ СО КОРИСТЕЊЕ НА PHOTOSHOP + Изработка на архитектонско портфолио

МЕЛЕЕМ организира напредна онлајн обука за доработка на архитектонски цртеж со користење на софтверот Photoshop и изработка на персонално архитектонско портфолио. 

Опис: 7 дневна напредна онлајн обука 

 Почеток: 16ти – 25ти Октомври 2023 (работни денови)

 Партиципација за обуката: 9.000 МКД  
Рана партиципација до 1ви Октомври : 6000 МКД


 ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ОБУКАТА ДОБИВАШ ОНЛАЈН СЕРТИФИКат

ЗОШТО ДА СЕ ЗАПИШЕШ?

Со користење на Photoshop ќе можеш графички да ги обработиш сите 2D цртежи, рендери и аксонометрии со што цртежите ќе станат попрофесионални. Ваквите цртежи можат да придонесат кон:

– Повисока оцена на твоите студиски проекти;
– Твоето портфолио;
– Успешна апликација за архитектонски конкурси;
– Подобра работна позиција;
– Апликација на проект. 

Со изучувањето на алатките на Photoshop ќе станеш поконкурентен/на на пазарот и ќе можеш визуелно подобро да го претставиш твојот проект.

Преку менторски процес за создавање на твоето архитектонко портфолио, можеш да ставиш акцент на најјаките страни од твоите проекти и да ги потенцираш твоите најсилни вештини, со што сигурно ќе обезбедиш подобри можности за кариерен развој. 

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА?

Обуката е наменета за сите студенти по архитектура и архитекти кои сакаат да ги совладаат алатките што ги нуди Photoshop за значително да ги подобрат своите вештини во доработка на архитектонски цртежи. Оваа обука ќе се осврне и на уредување на архитектонско портфолио, од вашите проекти, под насоки и совети од ментор-архитект. Обуката е наменета за оние кои немаат никакво познавање од Photoshop, како и за оние кои имаат познавање, но им недостасува знаење и практична примена на алатките.

На кој принцип се учи?

Обуката опфаќа детален пристап со кој се покриваат сите важни елементи на софтверот преку практично изучување на алатките што ги нуди.

Сите учесници бесплатно ќе добијат блокови со дрвја, луѓе, други предмети и материјали кои се неопходни за работа со софтверот.

ШТО ТИ Е ПОТРЕБНО ДОКОЛКУ СЕ ЗАПИШЕШ НА ОБУКАТА? 

Секој учесник треба да има инсталирано на својот компјутер Photoshop. Можете да симнете студентска или trial верзија на официјалниот вебсајт на Adobe Photoshop. 

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА:

Дали со самото плаќање резервираме место на обуката?

Да, самата уплата и потврдата за уплатата испратена на емајл ви обезбедува место, потоа ќе ви испратиме детални информации на емајл. 

Дали треба да имаме претходно знаење на Photoshop?

Обуката е прилагодена за оние кои што немаат никакво познавање на софтверот, како и за оние кои имаат мало познавање. Важно е да го имате инсталирано софтверот на вашиот компјутер.

Дали ако уплатам денес ми е осигурано местото или има ограничен број на учесници?

Да, ако уплатите денес местото ви е резервирано. Ќе отвориме онолку нови термини колку што ќе има потреба, со цел предавањата да се следат квалитетно.

Што доколку се случи во термините во кои е обуката да имаме предавање?

Ќе не информирате и согласно ќе го поместиме терминот по предавањата. Уплатата нема да ви пропадне, но мораме да бидеме навремено известени пред обуката или еден ден пред започнувањето на обуката.

Со пријава на обуката се согласувате со Правилата за учество во активност организирана, коорганизирана или поддржана од МЕЛЕЕМ Скопје. 

Доколку се пријавите и го откажете вашето присуство заради лични причини, уплатените средства за партиципација можат да се вратат до 14 дена по уплатата. 

Сите прашања постави ги на info@meleemskopje.com

МОЖЕБИ ЌЕ ТЕ ИНТЕРЕСИРА…​