МЕЛЕЕМ организира напредна онлајн обука за доработка на архитектонски цртеж со користење на софтверот Photoshop и изработка на персонално архитектонско портфолио.
Опис: 7 дневна напредна онлајн обука
Почеток: 16-27ми Декември 2024 (работни денови)
Пријавување до 13ти Декември
до : 6000 МКД
ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ОБУКАТА ДОБИВАШ ОНЛАЈН СЕРТИФИКаТ
Начин за запишување
Пополни го формуларот на копчето
ЗОШТО ДА СЕ ЗАПИШЕШ?
Со користење на Photoshop ќе можеш графички да ги обработиш сите 2D цртежи, рендери и аксонометрии со што цртежите ќе станат попрофесионални. Ваквите цртежи можат да придонесат кон:
– Повисока оцена на твоите студиски проекти;
– Твоето портфолио;
– Успешна апликација за архитектонски конкурси;
– Подобра работна позиција;
– Апликација на проект.
Со изучувањето на алатките на Photoshop ќе станеш поконкурентен/на на пазарот и ќе можеш визуелно подобро да го претставиш твојот проект.
Преку менторски процес за создавање на твоето архитектонко портфолио, можеш да ставиш акцент на најјаките страни од твоите проекти и да ги потенцираш твоите најсилни вештини, со што сигурно ќе обезбедиш подобри можности за кариерен развој.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА?
Обуката е наменета за сите студенти по архитектура и архитекти кои сакаат да ги совладаат алатките што ги нуди Photoshop за значително да ги подобрат своите вештини во доработка на архитектонски цртежи. Оваа обука ќе се осврне и на уредување на архитектонско портфолио, од вашите проекти, под насоки и совети од ментор-архитект. Обуката е наменета за оние кои немаат никакво познавање од Photoshop, како и за оние кои имаат познавање, но им недостасува знаење и практична примена на алатките.
На кој принцип се учи?
Обуката опфаќа детален пристап со кој се покриваат сите важни елементи на софтверот преку практично изучување на алатките што ги нуди.
Сите учесници бесплатно ќе добијат блокови со дрвја, луѓе, други предмети и материјали кои се неопходни за работа со софтверот.
ШТО ТИ Е ПОТРЕБНО ДОКОЛКУ СЕ ЗАПИШЕШ НА ОБУКАТА?
Секој учесник треба да има инсталирано на својот компјутер Photoshop. Можете да симнете студентска или trial верзија на официјалниот вебсајт на Adobe Photoshop.
НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА:
Дали со самото плаќање резервираме место на обуката?
Да, самата уплата и потврдата за уплатата испратена на емајл ви обезбедува место, потоа ќе ви испратиме детални информации на емајл.
Дали треба да имаме претходно знаење на Photoshop?
Обуката е прилагодена за оние кои што немаат никакво познавање на софтверот, како и за оние кои имаат мало познавање. Важно е да го имате инсталирано софтверот на вашиот компјутер.
Дали ако уплатам денес ми е осигурано местото или има ограничен број на учесници?
Да, ако уплатите денес местото ви е резервирано. Ќе отвориме онолку нови термини колку што ќе има потреба, со цел предавањата да се следат квалитетно.
Што доколку се случи во термините во кои е обуката да имаме предавање?
Ќе не информирате и согласно ќе го поместиме терминот по предавањата. Уплатата нема да ви пропадне, но мораме да бидеме навремено известени пред обуката или еден ден пред започнувањето на обуката.
Со пријава на обуката се согласувате со Правилата за учество во активност организирана, коорганизирана или поддржана од МЕЛЕЕМ Скопје.
Доколку се пријавите и го откажете вашето присуство заради лични причини, уплатените средства за партиципација можат да се вратат до 14 дена по уплатата.
Сите прашања постави ги на info@meleemskopje.com
МОЖЕБИ ЌЕ ТЕ ИНТЕРЕСИРА…
Прочитајте како си поминаа претходните учесници на обуката
Со оглед дека прв пат се среќавам со фотошоп на оваа обука, не очекував толку многу материјал во 5 дена дека ќе совладам. Топла препорака за секој кој што сака level up во своите вештини.
Илда Зајиќ
Очекував да научам да ги средувам моите цртежи на Photoshop за да добијат пореалистичен изглед и го научив токму тоа за само 5 дена.
Елена Новеска
Благодарение на оваа обука за само 5 дена се стекнав со знаење кое ќе го применувам во секој нареден проект.
Ана Младенова
Како почетник, без претходни познавања за Photoshop, воопшто не очекував дека толку брзо и лесно ќе ги совладам алатките и принципите на работа. Предавањата се супер информативни и одлично спакувани, така што за кратко време може многу да се научи. 10/10! 🙂
Бојана Станковска
Моите очекувања беа со помош на Photoshop да научам со мали интервенции да го подобрам архитектонскиот цртеж, но обуката го надмина тоа. За кратко време е совладано многу повеќе.
Сања Љубиновска
Photoshop обуката е една од трите обуки (+ 3Ds Max и Bim Revit) од МЕЕЛЕМ кои ги следев ова лето и со кои се надоградив и го надополнив моето десетгодишно искуство како инженер архитект.
Одлично концепирани часови со интензивен интерактивен пристап.
Безрезервната поддршка на менторот и нејзиното огромно искуство и способност да го пренесе на учениците истото, комплетно го реализираат концептот – учениците да се стекнат со знаење.
Оваа обука е одлично искуство што отвара нови можности за секој ученик.
Никогаш не е доцна за учење нови вештини и понатамошен развој во работата што ја работиме.
Катерина Рамаданова
Успешно завршен и третиот курс од МЕЛЕЕМ, сите очекувања се целосно исполнети. Стекнав доста нови знаења, покрај алатките кои ги научив, се стекнав и со знаење за како подобро и поестетски да изгледа еден архитектонски цртеж.
Одлична обука, супер ментор!!!
Александра Андоновска
Се пријавив со цел да ги надополнам своите знаења во Photoshop, а оваа обука ми го овозможи токму тоа. За кратко време совладав многу повеќе отколку што очекував.
Елена Стумбова
Со оглед натоа дека трае само еднанедела,току тоа што ми требаше 🙂
Цветанка Сапунџиева
Ne ocekuvav za tolku malce vrema da naucime mnogu raboti za Photoshop!!
Суат Абдулаи
Моите очекувања се исполнети, покрај основните есенцијални работи на обуката се стекнува и објективно естетско знаење.
Ален Вејселовски
Се пријавив со цел да ги надополнам своите знаења во Photoshop, а оваа обука ми го овозможи токму тоа. За кратко време совладав многу повеќе отколку што очекував.
Елена Стумбова
Ми се допаѓа тоа што обуката е конкретно наменета да ги тангира работите кои што се потребни да ги изучиме за да постигнеме подобар архитектонски цреж
Мила Алексовска
Задоволна сум од начинот како менторката ни го пренесе тоа што беше предвидено со оваа обука. Навистина уживав и со голема желба ги завршував задачите зададени во текот на обуката.
Елеонора Рашковска
Бидејќи е многу полесно да се среди цртеж одколку во autocad. Независно колку е добра идејата ако на крај не е добро среден цртежот не остава толку добар впечаток.
Елена Бачева
Освен тоа што требаше да се научат две нови програми, голем предизвик беше да покажеме навистина кој е нашиот стил на претставување на проектите, независно дали на панел или во портфолио и на тој начин да се претставиме во најдобро светло, испробувајќи ги новите алатки. Интересно е дека Сара, е многу отворена со нас и освен што е овде да ни ја спроведе обуката, споделува + и – од нејзино искуство.
Ева Ставрева