Обука за 3D визуелизација

МЕЛЕЕМ организира онлајн обука за архитектонска визуелизација со користење на 3ds max + vray. 

За кого е наменета обуката?

Обуката е наменета за сите студенти по архитектура и архитекти кои сакаат да ги подобрат своите вештини и активно да ја користат оваа алатка за изработка на архитектонски 3D визуелизации од највисок квалитет. Обуката е наменета и за оние кои немаат никакво познавање од 3Dмоделирање, но и за оние кои имаат познавање на софтвери за рендерирање, но им недостасува знаење и практична примена за истите.

Зошто да се запишеш?

Со изучувањето на овој курс ќе станеш конкурентен на домашниот и светскиот пазар на труд. Ќе можеш подобро да ги презентирааш своите идеи пред домашните и странските инвеститори, а со тоа и да си обезбедиш постабилна заработувачка и подигнување на цената на твојот проект заради поквалитетна претстава на истиот.

*По завршувањето на обуката ќе добиеш онлајн сертификат.

На кој принцип се учи?

Обуката опфаќа стручен и детален пристап со кој ги покриваме сите елементи на софверот преку практична едукација. Покрај суштинското разработување на програмата со цел да се зајакне вашиот перформанс на работа, обуката вклучува и tips and tricks од искусен архитект -менторот Сара Симоска. Обуката се одржува онлајн во помали работни групи за да можете да го постигнете максимумот.

Цената на обуката е 18.000 МКД

Пријава до 21ви февруари!  

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

За да се пријавите на обуката потребно е да:
1. Извршите уплата (препорачливо со електронско банкарство или на шалтер)
на ПП30 уплатница
Сметка на налогопримач
210068847250276
Назив на налогопримач
Здружение за развој на урбана култура и актуелизација на простор МЕЛЕЕМ
Скопје
Адреса на налогопримач
Карпош – Скопје
Цел на дознака
Партиципација за 3D
2. Да ја испратите уплатницата на email info@meleemskopje.com
Subject line: Пријава за обука 3Ds Max + Vray 

Што ти е потребно доколку се запишеш на обуката? 

Секој учесник треба да има инсталирано на својот компјутер 3Ds Max и Vray за квалитетно следење на обуката. Можете да симнете студентска или trial верзија на официјалниот вебсајт на Autodesk 3Ds Max. Автоматски со уплатата резервирате место на обуката. Програмата ќе им биде испратена на сите пријавени лица.

Сите прашања постави ги на info@meleemskopje.com

Погледнете ги рендерите изработени од менторката Сара Симоска, можете да го
погледнете и нејзиното портфолио на www.sarasimoska.com

 

Најчесто поставувани прашања:

Студент: Која верзија на 3ds max треба да се инсталира?
МЕЛЕЕМ: било која

Студент: Во кој дел од денот ќе се одвива? Поради усогласување со моите тековни обврски.
МЕЛЕЕМ: Од 17 часот. Потребни ви се 2-3 часа на ден за обуката. 

Студент: Дали треба да имаме претходно знаење на софтверот?
МЕЛЕЕМ: Обуката е прилагодена за оние кои што немаат никакво познавање на софтверот, како и за оние кои имаат мало познавање. Важно е да го имате инсталирано софтверот на вашиот компјутер.

 

Со пријава на обуката се согласувате со Правилата за учество во активност организирана, коорганизирана или поддржана од МЕЛЕЕМ Скопје. 

Доколку се пријавите и го откажете вашето присуство заради лични причини, уплатените средства за партиципација можат да се вратат до 14 дена по уплатата. 

 

Рендери од учесници од претходни обуки

можеби ќе те интересира...