Обука за 3D визуелизација

Наслов: Обука за 3д Визуелизација
Дата: 25ти септември – 6ти октомври (работни денови)
Формат: Онлајн
Траење: 10 дена, 1 ипол саат на ден
Краен рок за пријава: 24ти Септември
Ниво: Почетничко и средно
Темпо: Забрзано
Износ за пријава: 18.000,00 ден
Рана пријава: 15.000, ден (до 15ти септември)
Организирано од: МЕЛЕЕМ Скопје

пО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ОБУКАТА ДОБИВАШ ОНЛАЈН СЕРТИФИКАТ

ШТО СЕ ИЗУЧУВА ЗА ВРЕМЕ НА ОВАА ОБУКА?

– материјали, светла и камери за Екстериер
– материјали, светла и камери за Ентериер
– Поставување на сцена, кадри
– Подесување на материјали (дрво, плочки, стакло, текстил,…)
– внесување на готов мебел
– превземање на материјали 
– рендерирање преку ден и навечер (ентериер и екстериер)

– материјал вода
– пронаоѓање на свој стил на рендерирање
– константна комуникација со ментор
– пренесување на лично професионално искуство

За кого е наменета обуката?

Обуката е наменета за сите студенти по архитектура и архитекти кои сакаат да ги подобрат своите вештини и активно да ја користат оваа алатка за изработка на архитектонски 3D визуелизации од највисок квалитет. Обуката е наменета и за оние кои немаат никакво познавање од 3Dмоделирање, но и за оние кои имаат познавање на софтвери за рендерирање, но им недостасува знаење и практична примена за истите.

Прочитај Разговор со Борјана Арсеновска
Разговор со Деспина Јулоска

Зошто да се запишеш?

3д презентацијата на еден проект е веќе неопходна алатка. На речиси сите работни позиции се бара познавање од 3ds max. Истовремено, со усовршување на овој софтвер ќе можете уште во самиот почеток на проектирање да размислувате на финалните завршници на проектот како материјализација и детали. 

На кој принцип се учи?

Обуката опфаќа стручен и детален пристап со кој ги покриваме сите елементи на софверот преку практична едукација. Покрај суштинското разработување на програмата со цел да се зајакне вашиот перформанс на работа, обуката вклучува и tips and tricks од искусен архитект -ментор. Обуката се одржува онлајн во помали работни групи за да можете да го постигнете максимумот.

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

За да се пријавите на обуката потребно е да:

 Извршите уплата на следниот линк https://oskahome.mk/product/3dsmaxvray/

Со уплатата, автоматски резервирате место за обуката. 
Со оглед на тоа што обуката се одржува онлајн, местата не се лимитирани. 

Доколку имате било какви прашања, поставете ни ги на info@meleemskopje.com
Доколку сакате да уплатите директно на сметка пишете ни на истиот емајл. 
 

Што ти е потребно доколку се запишеш на обуката? 

Секој учесник треба да има инсталирано на својот компјутер 3Ds Max и Vray за квалитетно следење на обуката. Можете да симнете студентска или trial верзија на официјалниот вебсајт на Autodesk 3Ds Max. Автоматски со уплатата резервирате место на обуката. 

Сите прашања постави ги на info@meleemskopje.com

 

 

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА:

Дали со самото плаќање резервираме место на обуката?

Да, самата уплата и потврдата за уплатата испратена на емајл ви обезбедува место, потоа ќе ви испратиме детални информации на емајл. 

Дали треба да имаме претходно знаење на 3Ds Max + Vray?

Обуката е прилагодена за оние кои што немаат никакво познавање на софтверот, како и за оние кои имаат мало познавање. Важно е да го имате инсталирано софтверот на вашиот компјутер.

Дали ако уплатам денес ми е осигурано местото или има ограничен број на учесници?

Да, ако уплатите денес местото ви е резервирано. Ќе отвориме онолку нови термини колку што ќе има потреба, со цел предавањата да се следат квалитетно.

Што доколку се случи во термините во кои е обуката да имаме предавање?

Ќе не информирате и согласно ќе го поместиме терминот по предавањата. Уплатата нема да ви пропадне, но мораме да бидеме навремено известени пред обуката или еден ден пред започнувањето на обуката.

Која верзија на 3Ds Max треба да се инсталира?
Можете да ја инсталирате било која верзија 

Со пријава на обуката се согласувате со Правилата за учество во активност организирана, коорганизирана или поддржана од МЕЛЕЕМ Скопје. 

Доколку се пријавите и го откажете вашето присуство заради лични причини, уплатените средства за партиципација можат да се вратат до 14 дена по уплатата. 

можеби ќе те интересира...