Наслов: Обука за 3д Визуелизација
Дата: 16ти-27ми септември 2024 (работни денови)
Формат: Онлајн
Траење: 10 дена, 1 ипол саат на ден
Краен рок за пријава: 16ти септември
Ниво: Почетничко и средно
Темпо: Забрзано
Регуларна партиципација (до 16ти Септември) 18.000 МКД
Рана пријава (до 17ти Јули ) : 12.000 МКД
Организирано од: МЕЛЕЕМ Скопје
пО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ОБУКАТА ДОБИВАШ ОНЛАЈН СЕРТИФИКАТ
ШТО СЕ ИЗУЧУВА ЗА ВРЕМЕ НА ОВАА ОБУКА?
– материјали, светла и камери за Ентериер
– Поставување на сцена, кадри
– Подесување на материјали (дрво, плочки, стакло, текстил,…)
– внесување на готов мебел
– превземање на материјали
– рендерирање преку ден и навечер (ентериер и екстериер)
– материјал вода
– пронаоѓање на свој стил на рендерирање
– константна комуникација со ментор
– пренесување на лично професионално искуство
НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Со уплата на износот на сметка
210068847250276
МЕЛЕЕМ Скопје
Цел на дознака Партиципација за обука за архитектонско моделирање
По уплатата испратете ни ја уплатницата на meleemskopje@gmail.com
За кого е наменета обуката?
Обуката е наменета за сите студенти по архитектура и архитекти кои сакаат да ги подобрат своите вештини и активно да ја користат оваа алатка за изработка на архитектонски 3D визуелизации од највисок квалитет. Обуката е наменета и за оние кои немаат никакво познавање од 3Dмоделирање, но и за оние кои имаат познавање на софтвери за рендерирање, но им недостасува знаење и практична примена за истите.
Зошто да се запишеш?
3д презентацијата на еден проект е веќе неопходна алатка. На речиси сите работни позиции се бара познавање од 3ds max. Истовремено, со усовршување на овој софтвер ќе можете уште во самиот почеток на проектирање да размислувате на финалните завршници на проектот како материјализација и детали.
На кој принцип се учи?
Обуката опфаќа стручен и детален пристап со кој ги покриваме сите елементи на софверот преку практична едукација. Покрај суштинското разработување на програмата со цел да се зајакне вашиот перформанс на работа, обуката вклучува и tips and tricks од искусен архитект -ментор. Обуката се одржува онлајн во помали работни групи за да можете да го постигнете максимумот.
НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
За да се пријавите на обуката потребно е да:
Ја пополните формата, по пополнување, ќе ви испратиме инструкции за уплата.
Со уплатата, автоматски резервирате место за обуката.
Со оглед на тоа што обуката се одржува онлајн, местата не се лимитирани.
Што ти е потребно доколку се запишеш на обуката?
Секој учесник треба да има инсталирано на својот компјутер 3Ds Max и Vray за квалитетно следење на обуката. Можете да симнете студентска или trial верзија на официјалниот вебсајт на Autodesk 3Ds Max. Автоматски со уплатата резервирате место на обуката.
Сите прашања постави ги на info@meleemskopje.com
НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА:
Дали со самото плаќање резервираме место на обуката?
Да, самата уплата и потврдата за уплатата испратена на емајл ви обезбедува место, потоа ќе ви испратиме детални информации на емајл.
Дали треба да имаме претходно знаење на 3Ds Max + Vray?
Обуката е прилагодена за оние кои што немаат никакво познавање на софтверот, како и за оние кои имаат мало познавање. Важно е да го имате инсталирано софтверот на вашиот компјутер.
Дали ако уплатам денес ми е осигурано местото или има ограничен број на учесници?
Да, ако уплатите денес местото ви е резервирано. Ќе отвориме онолку нови термини колку што ќе има потреба, со цел предавањата да се следат квалитетно.
Што доколку се случи во термините во кои е обуката да имаме предавање?
Ќе не информирате и согласно ќе го поместиме терминот по предавањата. Уплатата нема да ви пропадне, но мораме да бидеме навремено известени пред обуката или еден ден пред започнувањето на обуката.
Која верзија на 3Ds Max треба да се инсталира?
Можете да ја инсталирате било која верзија
Со пријава на обуката се согласувате со Правилата за учество во активност организирана, коорганизирана или поддржана од МЕЛЕЕМ Скопје.
Доколку се пријавите и го откажете вашето присуство заради лични причини, уплатените средства за партиципација можат да се вратат до 14 дена по уплатата.
Досега обучени 42 учесници
можеби ќе те интересира...
прочитајте што велат досегашните учесници
Го одбрав бидејќи е еден од најдобрите софтвери за правење рендери и 3д визуелизации, а еден ден би сакала и да заработувам од него.
Највозбудливо беше излегувањето на првите рендери на новиот софтвер, бидејќи реално очекувам многу од него. Предизвик беше се да се совлада, со оглед на тоа дека и мала грешка може да те чини многу.
Саветка Атанасова
Реално пријателскиот..да не речам колегијален однос ми беше супер, што беше и реално причина за запишување на овај курс…како и знаењето дека предавачот има искуство во поглед на архитектура како и работа со софтверот. Одамна сакав да слушам курс но не се осудив баш заради тие формални курсеви од кои знам дека немаше да има некаков исход. Предизвик беше општо целиот програм на почетокот, но некоја посебна тежина не осетив(можеби дека сепак имам искуство со други софтвери и совладано ми е снаоѓањето во 3д просторот). Секој час имаше доволен број на информации, но сепак останувањето пред компјутер секој ден и индивидуалното вежбање ми ги олесна работите. Реално, си ги надминав очекувањата со исходот од крајот од обуката…
Искра Јовевска
Гледајќи ги рендери изработени со користење на 3ds max + vray, посакав и јас да пробам и да го совладам тој софтвер така што и моите рендери би изгледале квалитетно изработени.
Предизвик беше самиот софтвер, но обуката тоа го направи да изгледа полесно и успешно да се совладаат работите.
Деспина Јулоска
Дефинитивно нејинтересно беше и сеуште е откривањето на нови алатки, начини на користење и можности кои се отвараат со истите и потоа добивање на финален продукт кој не можеш да поверуваш дека е изработен за толку краток период од почетокот на обуката. Додека пак еден од предизвиците на почетокот беше изборот на материјали и нивната употреба, но кога тоа ќе се совлада следува предизвикот осветлување и како да се направи професионална визуализација на ентериер и негово усовршување во текот на работата.
Јована Јаневска
Најинтересно беше тоа што ни самата не очекував дека ќе ми оди толку лесно, а предизвик беше брзината со која менторот објаснува некои работи, во смисла брзо работи на комјутер, но се постигнува 🙂
Задоволна сум, во обуката е опфатено сé што ни е потребно за да се чувствуваме дека го познаваме софтверот.
Анастасија Лазаревска
Менторот има стручно знаење и искуство во користење на овие алатки за креирање на 3D визуелизации на архитектонски проекти. Внимателна е и има добри педагошки вештини, така што не поддржува и мотивира да ги совладаме техниките и помага да ги решиме проблемите што можат да се појават за време на обуката. Има позитивен став и е отворена за дискусија и прашања. Што помага да се чувствуваме комфортно да поставуваме прашања и да добиеме корисни совети за подобрување на своето знаење и вештини во 3Ds Max и V-Ray.
Кристина Шопоска