МЕЛЕЕМ организира напредна онлајн обука за доработка на архитектонски цртеж со користење на софтверот Photoshop 

Обуката ќе трае 5 дена и е наменета за студенти по архитектура и архитекти кои сакаат да ги користат овие алатки за подобрување на нивните вештини во изработка на архитектонски цртежи. Со подобрување на овие вештини тие ќе станат поконкурентни на пазарот и ќе можат подобро да ги презентираат своите идеи.

Обуката ќе ја држи архитект Сара Симоска. Во прилог на овој пост се поставени нејзини цртежи користејќи ги алатките кои што ќе се презентираат на обуката.
Погледнете ги нејзините проекти на www.sarasimoska.com

На учесниците на обуката ќе им бидат споделени блокови со дрвја, луѓе, други предмети и материјали бесплатно.  
Сите учесници ќе добијат онлајн сертификат за обуката. 

Обуката ќе се одржува на следните датуми:

20-24ти Декември

За да се пријавите на обуката треба да извршите уплата на трансакциската сметка и потврдата што ќе ја добиете за извршената исплата да ја испратите на email
info@meleemskopje.com, subject line: Потврда за уплата
потоа ќе ви ги испратиме сите информации за како да се приклучите.

Уплата

 

Регуларен износ за обуката е 6000 ден.

Овој износ треба да се уплати преку банка (препорачливо со електронско банкарство или на шалтер)

Сметка на налогопримач
210068847250276
Назив на налогопримач
Здружение за развој на урбана култура и актуелизација на простор МЕЛЕЕМ Скопје
Адреса на налогопримач
Карпош – Скопје
Цел на дознака
Партиципација за обука за арх цртеж 

Секој учесник треба да има инсталирано на својот компјутер Photoshop.  Можете да симнете студентска или trial верзија на официјалниот вебсајт на Adobe Photoshop.  Ќе се отворат повеќе групи, дневни и вечерни со цел за да биде достапно за лица со различен распоред. 

Програма

Обуката ќе се одвива по следната програма:

Проект на Сара Симоска

ден 1
Предавање: Уредување на основа
Индивидуална работа
Консултации со ментор за алатките
Финална индивидуална работа

Проект на Сара Симоска

ден 2
Предавање: Уредување на пресек и фасада
Индивидуална работа
Консултации со ментор за алатките
Финална индивидуална работа

Проект на Сара Симоска

ден 3
Предавање: Уредување на рендер
Индивидуална работа
Консултации со ментор за алатките
Финална индивидуална работа

Проект на Сара Симоска

ден 4
Предавање: Уредување на дијаграм
Индивидуална работа
Консултации со ментор за алатките
Финална индивидуална работа

ден 5
Работа во различни формати на цртеж, зачувување на цртежите и внесување на други цртежи во форматот.
Индивидуална работа
Консултации со ментор за алатките
Финална индивидуална работа

Доколку имате прашање пишете емајл на info@meleemskopje.com

Најчесто поставувани прашања:

Студент: Дали самото плаќање ни обезбедува седиште?

МЕЛЕЕМ: Да, самата уплата и потврдата за уплатата испратена на емајл ви обезбедува место, потоа ќе ви испратиме детални информации на емајл. Седиштето е кај вас Дома 🙂

Студент: Дали треба да имаме поранешно знаење на Photoshop?

МЕЛЕЕМ: Обуката е прилагодена за оние кои што немаат никакво познавање на софтверот, како и за оние кои имаат мало познавање. Важно е да го имате инсталирано софтверот на вашиот компјутер.

Студент: Дали ако уплатам денес ми е осигурано местото или има ограничен број на учесници?

МЕЛЕЕМ: Да, ако уплатите денес местото ви е резервирано. Ќе отвориме онолку нови термини колку што има уплати.

Студент: Што ако се случи доколку во термините во кои е обуката имаме предавање?

МЕЛЕЕМ: Ќе не информирате и согласно ќе го поместиме терминот по предавањата. Уплатата нема да ви пропадне, но мораме да бидеме навремено известени пред обуката или ден пред обуката.

Дел од цртежите од нашите претходни учесници на оваа обука

цртеж на Виган Тахири

Цртеж на Али Алмала

Цртеж на Бојана Палифировска

Цртеж на Фросина Ангелеска

Цртеж на Али Алмала

Цртеж на Ангела Миливоевиќ

Ја очекуваме вашата пријава!

Со пријава на обуката се согласувате со Правилата за учество во активност организирана, коорганизирана или поддржана од МЕЛЕЕМ Скопје. 

Доколку се пријавите и го откажете вашето присуство заради лични причини, уплатените средства за партиципација можат да се вратат до 14 дена по уплатата.