РЕАЛИЗАЦИЈА НА МАЛИ ПРОСТОРНИ ИНТЕРВЕНЦИИ СТУДЕНТСКИ ДОМ „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“-ШТИП

Штрип е урбана интервенција, чиј главен белег е портокаловата боја. Недостатокот на отворен јавен простор е главниот иницијатор за реализација на оваа интервенција пред влезот на студентскиот дом „Браќа Миладиновци“ во Штип. Со користење на форма која во одредени делови се прекршува навнатре и нанадвор се добива уникатен простор кој може да биде искористен од страна на студентите, но и од околните жители. Со тоа оваа мала урбана интервенција претставува гест кон јавниот простор кој е достапен за сите.

Концептот се состои од линеарна лента која што ги пополнува постоечките бетонски џебови, продолжува на земјата и завршува на фасадата со што создава стоечки елемент (шанк). Оваа интервенција овозможува седење на пониски и повисоки нивоа. Бојата на интервенцијата е портокалова и продолжува од улицата до фасадата на зградата. Допирот помеѓу интервенцијата и фасадата е нагласен со поставување на стоечкиот елемент во форма на шанк каде што можат да се остават пијалаци како кафе и вода. Оваа динамична интервенција иницира различни активности како: читање на книга, учење на лаптоп, пиење кафе, разговор со пријателите итн. Ние веруваме дека оваа интервенција ќе создаде жива врска помеѓу студентскиот дом и градот, со самиот факт дека е поставена на уличната фасада од зградата. 

Студентскиот дом во својата внатрешност содржи простор, наречен соба за дружба кој се карактеризира со затвореност и намена за релаксација и социјализација на студентите. Новата интервенција има иста намена, но се карактеризира со целосна отвореност и користење на просторот од повеќе лица. Идејата за портокаловата боја доаѓа токму од овој внатрешен простор. Тоа е втор елемент на интервенцијата: повторување на една иста боја по вертикала, но и по хоризонтална во внатрешноста на просторот, нагласувајќи ги просторите наменети за социјализација на младите луѓе.

Пред оваа интервенција објектот се карактеризираше со монолитен преден фронт кој воопшто не навестуваше на влез во студентски дом каде претежно престојуваат млади лица. Со оваа интервенција влезот е надополнет со еден уникатен простор во кој што ќе може да уживаат студентите и останатите жители на градот.

Користениот материјал за оваа интервенција е дрвен декинг кој што е соодветен за надворешна употреба и различни временски услови. Овој декинг е обоен во портокалова боја и е монтиран на метална подконструкција која што е фиксирана за постоечката патека од асфалт, бетонски елементи и фасада. 

Работилницата е организирана од МЕЛЕЕМ Скопје,здружение за развој на урбана култура и актуелизација на простор, во рамки на проектот Ангажирани студенти за студентски домови без корупција во Република Северна Македонија, имплементиран од Младински образовен форум, МЕЛЕЕМ, МКЦ-Битола и Легал Тинк.
Проектот е финансиран од програмата за високо образование на Фондациите отворено општество, преку Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Тренер: Милка Докузова
Тим на студенти: Теодора Герова, Ангела Таневска, Ангела Лековска, Мила Алексовска,
Димитар Милев, Иван Тодоровски

as seen on instagram…

——————-
Urban intervention STRIP

Strip is an urban intervention with recognized by its orange color. The lack of an open public space is the main initiator for the realization of this intervention in front of the entrance of the student dormitory “Braka Miladinovci” in Stip, North Macedonia. Using a shape that is dynamic emphasizes the uniqueness of the space that can be used by students and the surrounding residents. This small urban intervention is a gesture towards a public space that is accessible to all.

The concept design consists of a linear tape that fills in the existing concrete pockets and continues on the ground, finishing at the façade while creating a standing element (bar). This element allows sitting on a lower and higher levels. The tape color is orange, it continues from the street profile to the façade of the building. The touch of the intervention with the façade of the building is emphasized by placing a standing counter in the form of a bar for storing drinks like water and coffee. This dynamic intervention provoke different kind of activities like : reading a book, studying on laptop, drinking coffee, chatting with a friend etc. It is believed that this intervention could enhance more vibrant connection between the dormitory and the city, since it is located on the street façade of the student dormitory. 

The dormitory inside contains a space, called a hang out room which is characterized by closeness and purpose for relaxation and socializing of students. The new intervention has the same purpose, but it is characterized by complete openness and use of space by several people. The idea for the orange color comes from this interior space, colored in orange.

Prior to this intervention, the building was characterized by a monolithic front that did not indicate at all the entrance to a dormitory where mostly young people stay. With this intervention, the entrance is complemented by a unique space that can be enjoyed by students and other residents of the city.

The chosen material for this urban intervention is wooden decking. It is suitable for open areas where different weather conditions can occur. It is colored in orange. Under the decking structure there is a metal substructure over the existing asphalt and concrete of the pavement. 

The workshop is organized by MELEEM Skopje, an association for urban culture development and space actualization, as part of the project Student Engagement for Dormitories without Corruption in the Republic of Northern Macedonia, implemented by the MELEEM, Youth Education Forum, YCC-Bitola, and Legal. The project is funded by the Open Society Foundations Higher Education Program, through the Foundation Open Society – Macedonia.

Coach: Milka Dokuzova
Student team: Theodora Gerova, Angela Tanevska, Angela Lekovska, Mila Aleksovska, Dimitar Milev, Ivan Todorovski