"Јас сум тој кој ги одржува и ги надоградува за да целиoт град добие нова димензија, тука се вклопувам со мојата стручност во градежништво." - Разговор со Младен Трендевски
Младен Трендевски – Тpeндо е уличен уметник од Куманово, кој со години наназад се обидува со своите разнобојни графити да ги прекрие темните и запуштените места во градот. Графитите, кои некои често ги отфрлаат како вандализам, се енергична форма на изразување која еволуираше во легитимно уметничко движење. Појавувајќи се од улиците, графитите го надминаа своето бунтовничко потекло и станаа моќно средство за комуникација, културно претставување и социјален коментар. Разговоравме за влијанието на градитите врз градот со Трендо, прочитајте…
М: Како се опишува Трендо денес?
Трендо е комбинација од графити цртач, муралист и тату артист. Тој е дел од проектантско биро во јавно претпријатие, сопруг и татко на две ќерки.
M: Интересно е дека негуваш голема љубов спрема градот Куманово, дури и имаш основано здружение за развој на истиот. Од каде потекнува оваа љубов и што мислиш дека треба да се направи? Раскажи ни за твоите визии?
Од моите 30 години живот, половина ги посветив на сивилото и досадниот екстериер на Куманово. Таа посветеност од мали нозе ја покажува искреноста и љубовта спрема градот, која денеска со текот на годините е поголема и поцврста , што е нормално во општеството во кое живеам и креирам. Од моите први чекори во графити светот, Куманово го замислував во боја, бев млад и сакав да направам промена. Годините, посветеноста, пријателствата и професијата ме направија поискусен и поцврст по тој пат. Денеска не сум сам. Јас сум дел од добро познатата екипа Форма. Сплотеноста, искреноста и истата мисла направија Куманово да влегува во таа димензија која ја замислував на мојата 11-12 годишна ворзаст. Веќе нема назад и нема друг правец. Едноставно се создаваме сите заедно, кое во денешно време ни е многу потребно како луѓе. Веќе како артисти ги достигнавме висините на ѕидот до 3 метри, а сега дел од екипата оди во правец муралите и графитите бидат што поголеми со поголема површина и висина. Куманово да добие повеќе мурали и поголемите површини да бидат исцртани. Паралено работиме на тоа наредните години во градот да се исцртаат повеќе ѕидови од артисти надвор од границите на Македонија, за да мојот град влезе како интернационална галерија под отворено небо.
M: Како мислиш дека графити уметноста е поврзана со градот? Која е твојата дефиниција?
Освен графити тука ќе ги спомнам и муралите. Идејата која се роди во мене во 2016та година да направам некој настан каде ќе се сплотиме сите графити цртачи и ќе средиме некој дел од градот, ја направи поврзаноста на графити уметноста со Куманово. Затоа тогаш му дадов име на тој настан, ,,Графити Фест Куманово’’, два клучни зборови во мојот свет. Пред тој настан кумановчани беа ‘’слепи’’, знаеа само за нас локалците дека цртаме нешто и креираме. Благодарение на тој настан го запознаа графити светот. Нашите кругови, нашите идеи, нашите истомисленици надвор од градот па и Македонија дознаа, дека се вклопуваме се движиме паралелно со балканските градови во тој поглед. Со тоа направивме една мала револуција на која ни се приклучија сите, најубавото од тоа е што веќе обичниот набљудувач на уличната уметност, препознава артисти со различни стилови, артисти чија работа ја следат и препознаваат. Главната цел ми беше дека графитите и муралите не ми припаѓаат на мене, тука на сите кои се дел од тоа општество, или како што реков Куманово. Јас сум тој кој ги оддржува и ги надоградува за да целиoт град добие нова димензија, тука се вклопувам со мојата стручност во градежништво.
M: Од каде ја наоѓаш инспирацијата за графитите кои ти ги црташ, на пример
видовме еден македонски вез…?
На самиот почеток сакам да разјасниме, графитите е склоп од букви, зборови..додека муралите се покомплексни дела на поголема ѕидна површина и обично претставуваат некој цртеж. Во последно време својот правец на цртање го откривам во поглед на мурали, заедно во склоп на графити. Мотивите од типот на везови секогаш ми претставувале интересна кобинација на ѕид, во склоп со некој предмет или букви. Работите што ги цртам во дел ги поврзувам со Македонија и нејзината богата историја. На некој начин ѕидот го користам како книга за да ја едуцирам јавноста и да ја запознаам со тоа што поседуваме и што треба да сочуваме.
M: Ти работиш и на поддршка на други графити артисти, колку сметаш дека е
важно уметници и креативци од иста гранка да се поддржуваат и да создаваат
мрежи?
Отсекогаш сум сакал да дадам поддршка на секој во тоа што го работи, знам како е да се биде кога е најтешко и најлесно. Во Македонија сите оние што го користат ѕидот како површина каде што се изразуваат преку боја се поддржуваме. Околината создава нови уметници, некои згаснуваат, но мислам дека цврстината на таа култура има некоја константа. Цврстината и создавањето мрежа на графити артисти е важна алатка за одржување на едно општество, тоа го кажувам затоа што секој град е ‘’жив’’ ако во него има и графити артисти. Оваа уметност е клучната алатка на оживување на архитектурата на градот и раздвиженоста на народот во заборавените улици. Замислете колку градот ќе се ‘’просветли’’, преку меѓусебна поддршка на артисти.
M: Како изгледа твојата креативна рутина?
Мојата работна позиција во последно време ја промени креативната рутина, но тоа никогаш нема да ја згасне. Креативноста не изглегува во одредено време и одредено место, се тоа доаѓа само по себе. Се тоа што го создавам е обично по работните обврски до доцните часови, настрана од сите телефонски повици и секојдневни обврски. Се тоа се случува зад вратите на моето ателје, студио во центарот на Куманово. Во моментот каде ја спремам мојата прва самостојна изложба која што ќе се случи на 6ти декември.
Интервју изработено од Хајат Сулооџа