Мила, кажи ни нешто повеќе за себе, кои се твоите интереси, кое е твоето хоби?
По професија сум архитект и моите главни хобиња се сведуваат на три збора: архитектура, фотографија и техно.
Која е позадината и што те инспирира да го работиш тоа што го работиш?
Мојата страст кон архитектурата потекнува од желбата да на креативен начин влијаам на квалитетот на животот на луѓето. Верувам дека секој дизајн директно влијае на корисникот.