МАЛИ ПРОСТОРНИ ИНТЕРВЕНЦИИ
студентски дом
„Браќа Миладиновци“-ШТИП

 

ШТРИП e урбана интервенција, чиј главен белег е портокаловата боја. Целта е потенцирање на влезот и создава фасада која повикува кон внатре, како и нова слика која што ќе биде препознатлива за самиот објект.  Овој потег е поддржан со седечки и стоечки структури, кои создаваат отвореност, социјалност, сигурност и воочливост.

Разработката на проектот е поделена во три фази. На предната фасада на веќе постоечките бетонски џепчиња се поставуваат правоaголни дрвени кубуси кои овозможуваат седење на повисоко и пониско ниво. На таа референтна точка на интервенција, се предвидува и обработка на подот со портокалова боја.
Истата боја продолжува и по целата висина на  фасадата, на која се поставува стоечки пулт во вид на шанк за оставање пијалоци.

Идејата за портокалова боја доаѓа од веќе обоените ѕидови во постоечката соба за релаксација. Тоа е втората фаза на интервенцијата, каде бојата во внатрешноста се обновува и собата се дополнува со соодветна внатрешна опрема.Третата и крајна фаза е задната фасада на објектот, која е постојано осончана. Во тој дел се  повторуваат седечки елементи со иста материјализација и боја, со вклучување на зелената постоечка површина.

 


Во постојната состојба, објектот се карактеризира со монолитен преден  фронт кој воопшто не навестува на влез во студентски дом. Додека, на задната фасада, на одалеченост од 2.5 метри има мало зелено брдо,кое во моментот нема некоја одредена намена.



По самото завршување на оваа работилница, започната е финална разработка на ова идејно решение. Односно, детално исцртување  и подготовка на  материјали за што побрзо да се започне неговата изведба како реален проект.




Работилницата е организирана од МЕЛЕЕМ Скопје,здружение за развој на урбана култура и актуелизација на простор, во рамки на проектот Ангажирани студенти за студентски домови без корупција во Република Северна Македонија, имплементиран од Младински образовен форум, МЕЛЕЕМ, МКЦ-Битола и Легал Тинк.
Проектот е финансиран од програмата за високо образование на Фондациите отворено општество, преку Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Тренер: Милка Докузова
Тим: Теодора Герова, Ангела Таневска, Ангела Лековска, Мила Алексовска,
Димитар Милев, Иван Тодоровски
_________________________
STRIP is an urban intervention with main detail, the orange colour.
The goal is to emphasize the entrance and create a facade that calls inwards, as well as a new image that will be recognizable by the object itself. The move is supported by seating and standing structures that create openness, sociality, security, and visibility.

The elaboration of the project is divided into three phases. Rectangular wooden cabs are installed on the front facade at the existing concrete pockets that enhance seating at a higher and lower level. At that point of intervention, orange flooring is also foreseen. The same color extends to the entire height of the façade, on which a standing bar in the form of a drink bar is installed.

The idea of ​​using the orange color comes from the already painted walls in the existing relaxation room. This is the second phase of the intervention, where the color of the interior would be restored and the room complemented with appropriate interior equipment.

The third and final stage is the rear facade of the building, which is permanently sunken. In that section, seating elements of the same materiality and color are repeated, incorporating the green existing surface. In its current state, the building is characterized by a monolithic front that does not hint at a student dorm. Whereas, on the rear facade, at a distance of 2.5 meters there is a small green hill, which at the moment has no specific purpose.

After the completion of this workshop, the final development of this conceptual solution has begun. That is, detailed drawing and preparation of materials to begin its execution as a real project as soon as possible.

The workshop is organized by MELEEM Skopje, an association for urban culture development and space actualization, as part of the project Student Engagement for Dormitories without Corruption in the Republic of Northern Macedonia, implemented by the MELEEM, Youth Education Forum, YCC-Bitola, and Legal. The project is funded by the Open Society Foundations Higher Education Program, through the Foundation Open Society – Macedonia.

Coach: Milka Dokuzova
Team: Theodora Gerova, Angela Tanevska, Angela Lekovska, Mila Aleksovska, Dimitar Milev, Ivan Todorovski