МАЛИ ПРОСТОРНИ ИНТЕРВЕНЦИИ
СТУДЕНТСКИ ДОМ „ПЕЛАГОНИЈА“-СКОПЈЕ

Интервенцијата Бифе е поставена во атриум на студентскиот дом Пелагонија во Скопје. Овој специфичен простор е затворен со 4 ѕида и  e половина покриен.
Дизајн одлуката беше едноставна: покриено-откриено, фиксно-подвижно. Поставката ќе служи и како крошна за растение кое ќе го разубави и ќе му даде поприроден амбиент на самиот простор.

Малата просторна интервенција претставува аголна поставка за седење. Таа е создадена преку  систем на спојување на коцки, на принцип кој соодветствува со просторот во кој е поставен.

Формата е резултат на просторна решетка инспирирана од веќе постоечи стакленца на подот во аголот. Тоа е мрежа од квадрати 17 x 17 саниметри, зголемена три пати при што се добива нов модул 51 x 51. Окупацијата на просторот е одредена преку наоѓање на дијагоналата на движење при пристапување на просторот од главниот влез. Додека крајниот резултат е прилагоден во однос на можните ситуации за користење.

 

Материјализацијата на оваа интервенција е метална констукција 30/30мм со финална завршница од шпер плоча, чие меѓусебно поврзување е со штрафови. Оваа просторна структура е составена од фиксен дел кој ќе биде поставен под покриениот дел од просторот и подвижен дел кој ќе биде со слободна намена со можност да се постави и на отворено.

Решението да се постави растение на највисоката точка беше резултат на посетата на просторот од страна на тимот. При оваа посета беше заклучено дека таму се наоѓа прозорот кон кујната. Со цел да се оневозможи седење на највисоката точка и директно гледање кон кујната, со еден субтилен потег, тимот одлучи да постави растение во аголот.


Целта на просторната интервенција е да го збогати овој атриумски простор, да иницира точка за групна социјализација како и да овозможи пооделно индивидуално користење и  удобност во  сопствена изолираност.


По самото завршување на оваа работилница, започната е финална разработка на ова идејно решение. Односно, детално исцртување  и подготовка на материјали за што побрзо да се започне неговата изведба како реален проект.


Работилницата е организирана од МЕЛЕЕМ Скопје,здружение за развој на урбана култура и актуелизација на простор, во рамки на проектот Ангажирани студенти за студентски домови без корупција во Република Северна Македонија,имплементиран од Младински образовен форум, МЕЛЕЕМ, МКЦ-Битола и Легал Тинк.
Проектот е финансиран од програмата за високо образование на Фондациите отворено општество, преку Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Тренер: Сара Симоска
Тим:Иво Лазароски, Тамара Џерков, Сенад Дослјак, Емилија Ѓорѓиоска, Ангела Таневска, Љупка Коцева
_________________________________

The Buffet intervention is set in the atrium of the Pelagonija student dormitory in Skopje. This specific space is enclosed by 4 walls and is half covered. The design decision was simple: cover-detected, fixed-movable. The setting will also serve as a plant canopy to beautify it and give it a more natural setting.

A small spatial intervention is an angular seating position. It is created through a docking system, the principle of which corresponds to the space in which it is placed.

The shape is the result of a spatial aperture inspired by already existing glazed floor angles. It is a network of squares 17 x 17 centimeters, enlarged three times to obtain a new module 51 x 51. The occupation of space is determined by finding the diagonal of movement when accessing the space from the main entrance. While the result is tailored to possible usage situations.

The materialization of this intervention is a 30 / 30mm metal construction with a final clipboard finish, which is interconnected by screws. This spatial structure is made up of a fixed part that will be placed beneath the covered part of the space and a movable part that will be freely used with the possibility to be installed outdoors.

The decision to plant a plant at its highest point was the result of a team visit to space. During this visit, it was concluded that there is a window to the kitchen. To prevent seating at the highest point and direct access to the kitchen, with one subtle move, the team decided to place a plant in the corner.

The purpose of the spatial intervention is to enrich this atrium space, to initiate a point of group socialization as well as to enable individual use and comfort in one’s isolation.

After the completion of this workshop, the final development of this conceptual solution has begun. That is, detailed drawing and preparation of materials to begin its execution as a real project as soon as possible.

The workshop is organized by MELEEM Skopje, an association for urban culture development and space actualization, as part of the project Student Engagement for Dormitories without Corruption in the Republic of Northern Macedonia, implemented by the Youth Educational Forum, MELEEM, MKF-Bitola, and Lega.

The project is funded by the Open Society Foundations Higher Education Program, through the Foundation Open Society – Macedonia.

Coach: Sara Simoska

Team: Ivo Lazaroski, Tamara Jerkov, Senad Dosljak, Emilija Gjorgjioska, Angela Tanevska, Ljupka Koceva