МАЛИ ПРОСТОРНИ ИНТЕРВЕНЦИИ
Студентски дом „Кочо Рацин“ БИТОЛА
Клупа / Линиски кондензатор

Архитектонскиот проект чија локација ќе биде студентскиот дом Кочо Рацин во Битола, претставува интегрална интервенција во една форма /еден линиски елемент, потег кој поврзува два пара на бетонски остатоци, а кој во себе содржи вертикални изрази кои имаат за цел да сугерираат повеќе функционални целини како простор за седење,одмор, релаксација, обсервација, разговор итн.
Оваа урбана интервенција има за цел да ги поврзе овие остатоци и при тоа да  даде живост на просторот и да ги повикува студентите надвор.

Kлучно во оваа интервенција е препознавање на место во контекстот во кој се интервенира. Интервенирајќи на овој начин, предложениот објект ја поседува потребната монолитност за да се надоврзе во непосредниот контекст, а истовремено е формално претпазлив како не би ја нарушил визуелната хармонија која ја формираат природните и изградените елементи на комплексот.
Материјализацијата на оваа седечка констукција се состои од  хоризонтални дрвени талпи со димензии  5х20 и вертикални 5х10 сантиметри и различни должини во зависност од сценаријата на користење. Истовремено, дрвото како природен, топол материјал е пожелен како материјализација на мали урбани интервенции кои ќе подлежат на интензивна употреба и интеракција на учесниците.


Избраната локација е во дворот на студентскиот дом Кочо Рацин Битола, на северната страна на комплексот, во дел од дворот на домот познат како „преден парк”, пристапна зона во комплексот која изобилува со зелени површини. Во таа зелена површина, на повеќе места се јавуваат бетонски стопи. Токму тие се инспирацијата за оваа интервенција кои претставуваат меморија на нешто што претходно постоело но веќе го нема.

Во текот на работилницата групата подготви физички модел во размер 1:15, модел на дефинираните елементи на интервенцијата во своја димензија и карактеристики.

По самото завршување на оваа работилница, започната е финална разработка на ова идејно решение. Односно, детално исцртување  и подготовка на  материјали за што побрзо да се започне неговата изведба како реален проект.

Работилницата е организирана од МЕЛЕЕМ Скопје, здружение за развој на урбана култура и актуелизација на простор, во рамки на проектот Ангажирани студенти за студентски домови без корупција во Република Северна Македонија, имплементиран од Младински образовен форум, МЕЛЕЕМ, МКЦ-Битола и Легал Тинк.
Проектот е финансиран од програмата за високо образование на Фондациите отворено општество, преку Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Тренер: Павел Вељаноски
Тим: Анастасија Ристеска, Али Алмала, Арсовски Кристијан, Елена Босилковска, Рима Трајчева, Тамара Џерков
_____________________
Bench / Line Capacitor

The location of this project will be the Koco Racin dormitory in Bitola. It is an integral one-form /one-line intervention, a move that connects two pairs of concrete boxes, containing vertical expressions for aim to suggest more functional units such as seating, rest, relaxation, meditation, observation, conversation, etc.
This urban intervention aims to connect these preexisting concrete boxes and to give life to space and invite students outside.

The key to this intervention is the recognition of a place in the context in which it is intervened. Intervening in this way, the proposed object possesses the necessary monolithic to follow in the immediate context, while at the same time being formally cautious not to disturb the visual harmony formed by the natural and constructed elements of the complex.

The materialization of this seating structure consists of horizontal wooden scaffolds with dimensions of 5×20 and vertical 5×10 centimeters and different lengths depending on the usage scenarios. At the same time, the tree as a natural, warm material is desirable as the materialization of small urban interventions that will be subject to intensive use and interaction of participants.

The chosen location is in the courtyard of the Koco Racin Bitola Dormitory, on the north side of the complex, part of the courtyard of the home known as the “Front Park”, an access zone in the complex that is a green area. In that green area, concrete blocks occur in many places. They are the inspiration for this intervention, which is a memory of something that previously existed but no longer exists.

During the workshop, the group prepared a 1:15 scale physical model, a model of the defined elements of the intervention in its dimension and characteristics.

After the completion of this workshop, the final development of this conceptual solution has begun. That is, detailed drawing and preparation of materials to begin its execution as a real project as soon as possible.

The workshop is organized by MELEEM Skopje, an association for urban culture development and space actualization, as part of the project Student Engagement for Dormitories without Corruption in the Republic of Northern Macedonia, implemented by the MELEEM, Youth Education Forum, YCC-Bitola, and Legal. The project is funded by the Open Society Foundations Higher Education Program, through the Foundation Open Society – Macedonia.

Coach: Pavel Veljanoski

Team: Anastasia Risteska, Ali Almala, Arsovski Christian, Elena Bosilkovska, Rima Trajceva,Tamara Jerkov