Пријавувањето на трудови е најдоцна до 12ти Август.

Конкурсни Архитектонски Решенија

Датум на одржување: 13-14ти Август
Од 18-21 часот

Локација: Netaville

На овој дводневен настан ќе се стави фокус на сите конкурсни трудови во изминатите 5 години, кои што архитектите и студентите по архитектура ги пријавила во земјава и во странство. Без разлика дали конкурсните трудови се наградени или не, секој од нив има посебно значење, затоа што се работени со трпение, посветеност и носат иновација која што за жал не секогаш е видена. Конкурсот како формат се негува во сите земји за демократско одбирање на архитектонско решение за еден простор од интерес на граѓаните и градот. Најчесто победуваат 1-3 решенија, коишто добиваат најголема видливост. 

Доколку имате конкурсен проект со кој сте горди, и сакате да го презентирате пред колегите и пошироката публика, пријавете го вашиот труд. 

Доколку сакате да видите што изработиле вашите колеги архитекти, сакате да се инспирирате и да прашате прашања, регистрирајте го вашето присуство.

Настанот е отворен за сите, архитекти и сите вљубеници во архитектурата. 

Регистрирајте го вашето присуство на настанот. 

Поддржи ја работата на МЕЛЕЕМ.
Доколку ти се допаѓаат овој тип на настани и работата на МЕЛЕЕМ поддржи ја со донација во твои можности на сметката

210068847250276

МЕЛЕЕМ Скопје

Цел на дознака ДОНАЦИЈА

Можеби ќе те интересира...

Обука за 3д моделирање со користење на софтверот Revit BIM.
Обука за уредување на архитектонски цртежи со користење на Photoshop.
Обука за рендерирање со користење на 3ds max