КАКО ДА ПОБЕДИТЕ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН АРХИТЕКТОНСКИ КОНКУРС

Интензивна 6 часовна обука, поделена во 2 саботи

Пријава до 3ти Ноември
Регуларна пријава 4000 ден

Рана пријава до 30ти Октомври
Износ 3000 ден

Времетраење
3ти и 10ти Ноември (10-13 часот)

концептите победуваат на интернационални конкурси, вистина или лага?

Архитектонските конкурси се дел од професијата на архитектите и тие им даваат можност на архитектите да истражуваат, да се унапредуваат и да ги поместуваат границите во архитектурата. Интернационалните конкурси претставуваат поле на натпревар помеѓу архитекти од целиот свет. Во моментов има активни околу 100тина архитектонски конкурси. Многу од нив обработуваат актуелни светски теми, како и подетални регионални или локални теми. Активни се и многу студентски конкурси кои што претставуваат одлична потпора за почеток и надградување на вашето портфолио, но и искуство. 

зошто оваа обука?

За голем дел од архитектите и студентите по архитектура е проблем да започнат со архитектонски конкурс, затоа што се плашат, не знаат кој конкурс е правиот за нив, не знаат како правилно да го распределат времето за изработка, не знаат како да го оформат тимот и многу друго. Од ова искуство, одлучивме дека оваа обука е совршена за подобрување на сите овие вештини, со што во пракса студентите ќе можат да ги направат правите одлуки. 

Каква е програмата?

Програмата на оваа обука ќе се одвива во две саботи од 10-13 часот. 

– Избор на конкурс – учесниците заедно со менторот ќе бидат информирани за кои информации се важни при избор на конкурс, како да препознаат кој конкурс е токму за нив, како да ги препознаат вештините во кои тие се уникатни кои што можат да бидат интересни за конкурсот

– Менаџирање на време – Многу чест проблем во изработка на конкурси е неправилно менаџирање на времето. Оваа обука ќе им презентира на учесниците како правилно да го менаџираат времето во согласност со останатите активности (студии, работа и социјален живот), а се со цел постигнување на максимални резултати.

– Одбирање на тим – Додека некои конкурси се индивидуални, други се поголеми и е неопходна работа во тим. За оформување на квалитетен тим, потребно е секој учесник да си ги познава своите вештини, кои вештини се бараат од конкурсната задача и кои вештини ги имаат лицата кои што ги познава. 

– Познавање на софтвери – Познавањето на софтвери може да ви помогне во побрзо совладување на конкурсната задача, како и правилна распределба на активностите меѓу тимот. 

– Тема на конкурсот – како да ја анализирате темата и да ја “хакнете” со цел да се издвоите од толпата

и многу друго… 

ментор на програмата

Ментор на оваа обука е архитект Сара Симоска

Во нејзиното професионално портфолио се следните конкурси:
2023
Bienale di Venezia, Oikos & Fondazione Querini, exhibition
2022
– Movable Chair, China, shortlisted
2021
– Треска, Општина Центар – станбени згради 
2020
– Penta Real Estate competition for Residential buildings in Prague
2019
– Europan 2019
– Конкурс за уредување на просторот околу Калето, Град Скопје
– New Head quarters Design, Chine – shortlisted 
2018
Open International Competition for Standard Housing – Dom RF – Winner in first phase, Second prize in second phase 
– Mini x Dezeen 
2017
Temporary Living Space, Molteni & C | Dada for Bologna Design Week – Winner 
Конкур Лукубија, Кочани, трета награда 
Во нејзиното студентско портфолио се следните конкурси
2016
Archmedium ACP – kindergarden
2015
Council of tall buildings urban habitat – Student Tower Competition
Varna Library 
2014  
– Конкурс Езерце, Општина Центар Скопје
– Bauhaus pavilion – second prize  Архитектонски Факултет Скопје во соработка со Dessau Institute of Architecture 
2013 
– Europan 2013 

Прочитај повеќе на инстаграм