Пријавувањето на трудови е најдоцна до 14ти Јули.

ЈУЛСКИ ВЕЧЕРИ НА АРХИТЕКТУРАТА

Датум на одржување: 15-17ти Јули
Од 20-22 часот

Локација: Книжарница Илика

На овој тридневен вечерен настан ќе се стави фокус на дипломските и магистерските трудови на сите архитекти кои што завршиле во последните 5 години и кои го имаат разработувано Скопје и сите други градови. Целта на овој настан е да даде видливост на иновативните, креативните и свежите погледи и идеи за Скопје и сите други градови. Магистерските трудови многу често се длабоки, искрени, неоптеретени од финансиски проблеми, наивни и правилни. И покрај тоа, ретко пошироката јавност, па и самите архитекти можат да се запознаат со истите. Ова е одличен простор младите архитекти да се презентираат себе и својата работа пред повозрасните колеги и останатите заљубеници во архитектурата.

Регистрирајте го вашето присуство на настанот. 

Можеби ќе те интересира...

Обука за 3д моделирање со користење на софтверот Revit BIM.
Обука за уредување на архитектонски цртежи со користење на Photoshop.
Обука за рендерирање со користење на 3ds max