Актуелизација на простор во вистинска смисла на зборот

 

 

 

 

Овој исклучителен период на карантин се одржаа неколку концерти на јавни простори во градот Скопје. Беше исклучитечно задоволство како овие јавни и станбени простори заживуваат и блескаат во нивната целосна светлина и сјај.

Фотографија screenshot од видео на Pirka

Ја поздравуваме оваа прекрасна иницијатива од Градот Скопје и се надеваме дека оваа пракса на концерти на јавни простори низ нашиот град, вклучувајќи млади бендови ќе продолжи и по завршување на карантинот.

Исто така, овие видеа се снимени од Pirka, група млади луѓе кои видео документираат природни и урбани пејзажи и ги соединуваат со музика, или како што тие би рекле аудио визуелна хармонија. Сметаме дека без нив оваа иницијатива не би била толку успешна.

Во прилог можете да ги видите дел од нашите омилени концерти.

Pluto’s Doubts во прекрасните станбени јавни простори во Аеродром
Љубојна во дворот на Железничката Зграда
Funk Shui на магичниот станбен јавен простор Плато Млечен

Погледнете повеќе на facebook page на Град Скопје.