Градот, повеќе од било кога, има потреба од активна вклученост на сите актери: институциите, граѓаните, образовните институции, организациите, но и бизнисите и економскиот сектор. Доколку сакаме, а веруваме дека сите сакаме, градот да биде поубав, поздрав, поквалитетен за сите нас, треба да превземеме некакви активности за остварување на овие желби и цели.
Кои сме ние, МЕЛЕЕМ?
МЕЛЕЕМ Скопје, е организација која што од 2013та година се занимава со активности со главна цел : препознавање и унапредување на јавни простори во градот со голем квалитет, но се запоставени од страна на институциите и граѓаните. Низ низа на различни активности МЕЛЕЕМ ја остварува оваа цел и тоа, преку организација на:
– предавања и дискусии на архитекти и други активни креативни лица во градот
– работилници за студенти по архитектура за дизајн на урбана опрема
– работилнции за сите граѓани за предложување на идеи за потенцијални јавни простори, нивно унапредување, проблеми и решенија за градот
– активни кампањи на социјални медиуми со цел подигање на свеста за градот, и одржлив живот
– објавување дигитални содржни во форма на блог текст на вебсајт, со цел информирање на граѓаните за креативни и инспиративни личности и добри пракси
Како можете да ни помогнете?
Доколку сте компанија која што сака да инвестира во градот и неговиот развој, можете да инвестирате во некои од нашите активности. Со тоа
ТИМ МЕЛЕЕМ се состои од архитекти, економисти, правници, и останати креативни лица кои што секојдневно работат на нови идеи, вмрежувања, препознаваат квалитетни јавни простори и нови и интересни луѓе во градот.
500€ / 1 месец
ШТО ДОБИВАТЕ?
Промоција на вашиот бренд на:
– нашите социјални медиуми (1 post, 1 reel)
– наш настан (ваши промо материјали)
За потребите на нашите активности: предавања, работилници, дискусии, изложби,… изнајмуваме простор. Можете да инвестирате со покривање на трошокот за изнајмување на простор.
500€ / 1 месец
ШТО ДОБИВАТЕ?
Промоција на вашиот бренд на:
– нашите социјални медиуми (1 post, 1 reel)
– наш настан (ваши промо материјали)
За време на нашите активности: предавања, работилници, дискусии, ангажираме надворешни предавачи кои што имаат различно и уникатно, а пред се инспиративно искуство. Веруваме дека тие ќе бидат дополнително мотивирани, кога нивниот настап е финансиран.
500€ / 1 месец
ШТО ДОБИВАТЕ?
Промоција на вашиот бренд на:
– нашите социјални медиуми
– наш настан
Нашите активности се документираат со фото и видео, и тие материјали се објавуваат на нашите социјални медиуми, вебсајт и други медиуми.
250€ / 1 месец
ШТО ДОБИВАТЕ?
Промоција на вашиот бренд на:
– нашите социјални медиуми
– наш настан
Како резултат на нашите работилници, се изработува урбана опрема во јавен простор.
10.000€ / 1на интервенција
ШТО ДОБИВАТЕ?
Промоција на вашиот бренд на:
– нашите социјални медиуми
– наш настан
– лого од вашиот бренд на интервенцијата
За секој настан и работилница, потребни се освежителни пијалаци и закуска, која ќе ги освежи нашите учесници. Доколку сте фирма која што произведува пијалаци, можете да донирате за нашите настани, или можете да донирате финансиски износ.
300€ / 1 месец
ШТО ДОБИВАТЕ?
Промоција на вашиот бренд на:
– нашите социјални медиуми
– наш настан
– лого од вашиот бренд на интервенцијата
Како и секое останато правно лице, МЕЛЕЕМ има административни трошоци: банкарски провизии, сметководство, правна помош, одржување на вебсајт,…
100€ / 1 месец
ШТО ДОБИВАТЕ?
Промоција на вашиот бренд на:
– нашите социјални медиуми
– наш настан