Вјоса, успешно ја заврши обуката за BIM Revit на МЕЛЕЕМ. Кој дел од обуката/ материјалот ти беше најинтересен, а кој најпредизвикувачки?
Бидејќи имам работено со 3D програма претходно, во глобала совладувањето не беше тешко, но секако беше предизвикувачки да се научат командите и начинот на работа исто и сите детали кои се потребни за изработка на проект.
Дали го користиш софтверот откако ја заврши обуката?
Веднаш по завршување почнав да ги прецртувам некои проекти во Revit, бидејќи сакав да работам без помош и да видам за колку време би можела да цртам. Но оттогаш, поради работни причини, не сум го користела веќе подолго време, иако гледам како да се вратам на секојдневно негово користење.