Можеби можев и сама да го научам софтверот, но сигурна сум дека немаше да биде на ниво како што го научив со оваа обука
Запознајте ја Ивана Манасова – наша студентка која се запиша на обуката за 3Ds Max + Vray, која покажа одлични перформанси за време на изучувањето на софтверот.
Поразговаравме на кратко за нејзините видувања и искуство со софтверот, а споделуваме и повеќе фотографии од нејзината работа за која имаме да кажеме само едно: That’s the way, I like it! (Now you’re gonna sing this song all day long. Sorry not sorry 😊)
Ивана, ја заврши обуката за 3Ds Max + Vray на МЕЛЕЕМ. Кој дел од обуката/ материјалот ти беше најинтересен, а кој најпредизвикувачки?
Дефинитивно најинтересен ми беше делот кога ги вадев рендерите како готов производ, а најпредизвикувачки ми беше и секогаш ќе ми биде прашањето „Дали се во ред склопени материјалите?“
Дали почна да го користиш софтверот откако ја заврши обуката?
Да, тоа ми беше целта.
На кој начин ти помогна обуката за 3Ds Max + Vray?
Кога ќе замислам можеби можев и сама да го научам софтверот, но сигурна сум дека немаше да биде на ниво како што го научив со оваа обука.
Зошто ја избра токму оваа обука?
Долго време сакав да научам некој софтвер за 3D, така што чим начекав прилика веднаш се запишав.
Дали сметаш дека е неопходно да се вложува во неформално дополнително оразование за да се има успешна кариера во областа на архитектурата?