Каква архитектура најмногу ти се допаѓа? Што мислиш за македонската?
Сакам модерна архитектура, не сакам заоблени структури. Најмногу уживам кога проектирам мали станбени куќи за едно семејство, има нешто магично во целата интимност која ја има помеѓу проектанот и клиентот, најмалку сакам да проектирам станбени згради каде инвеститорот е “главниот врховен бог”.
Не знам за која македонска архитектура зборуваме… Генерално сме во многу лоша ситуација… Има некои прекрасни објекти сами по себе, но според мене односот на околината со објектите и обратно е она што ја прави архитектурата архитектура, а тоа не знам дали го имаме некаде во последно време.