Фиона, ја заврши обуката за 3Ds Max + Vray на МЕЛЕЕМ. Кој дел од обуката/ материјалот ти беше најинтересен, а кој најпредизвикувачки?
Најинтересен дел ми беше и сè уште ми е откривањето на нови алатки и начини на користење на софтверот како и рендерирањето. А најголем предизвик ми беше да го изведам она што го имав на ум, секоја идеја и форма. Затоа што секогаш постои начин да се обликува и „изваја“ нешто во софтверот.
Дали веќе го користиш софтверот откако ја заврши обуката?
Да, некогаш. Бидејќи сметам дека со вежбање се учи повеќе и пошироко.