Ангела, кажи ни нешто повеќе за себе, со што сè се занимаваш и кое е твоето хоби.
Моментално студирам архитектура на магистерски студии, така што главна пасија ми е архитектурата, но имам голем интерес во сите сфери на уметноста. Преку факултетот, дознав дека големо задоволство ми причинува фотографијата, преку која можам повеќе да се фокусирам на одредени детали од градбите, како луѓето користат одредени простори, основните нивни навики и дневни случувања во градовите, природата, итн. Исто така, преку изучувањето на разни програми при изработката на финални визуализации на проектите, го дознав мојот голем интерес кон користењето Illustrator и Photoshop за креирање на лични дигитални илустрации, кои за мене претставуваат простор каде можам да го ослободам стресот кој го креира архитектонскиот факултет.