Дали сметаш дека е неопходно да се вложува во неформално дополнително оразование за да се има успешна кариера во областа на архитектурата?
На оваа тема, посебно во нашава држава може да се зборува цел ден, за жал. Одговорот е да, и тоа големо да. Веќе сум при крај со дипломирање и искено во овие 3 години учење јас мислам дека повеќе работи имам научено од интернет, муабети и гледање на работи низ светот отколку од факултетот. Студирам внатрешна архитекура и да кажеме од 20 предмети можеби 5 биле интересни/поврзани со смерот и мислам дека тоа е смешно. Некако како да евалуираат погрешни работи и одвај чекам да се тргнам од факлутетот. Кај нас проблемот е што сите викаат тапа е ова, тапа е она, ама никој не пренесува на луѓето што ги смислиле предметите и програмите за самите нив и очекуваат дека магично некако ќе се смени тоа, а се знае кај нас како одат тие процедури, не смее никој ништо да каже затоа што ќе биде казнет или опоменат на некој начин. Излегов надвор од тема ама морав да се искажам затоа што мора некаква промена да почне. Поентата ми беше дека е премногу битно градење на самиот себеси и интересно е бидејќи не можеш да стигнеш некој лимит, има подобрување во секој аспект во животот. Затоа пробувам овие години да слушам секакви курсеви, работилници и такви некои работилници зашто знам дека ќе бидат корисни за во иднина.