Кажи ни нешто повеќе за себе, со што се занимаваш, кои се твоите интереси?
Студент на архитектура, главно моето време е ориентирано според обврските на факултет кои се доста обемни и не останува многу време за други активности. Сепак се трудам да издвојувам време посветено за мене и моите најблиски како вежбање, дружење, прошетка со миленикот итн. Исто така изработувам и други проекти вон факултетот, како правење 3д визуелизации, изготвување на основни проекти и слично.