Кажи ни нешто повеќе за себе, со што се занимаваш, кои се твоите интереси?
Студент на Архитектонски факултет во Скопје со положени испити и во процес на подготовка на Магистерски труд, за време на online наставата во изминатата година демонстратор на две катедри, за Нацртна геометрија во прва година и Општествени згради во трета година. Сум имала неколку проекти во текот на студирањето, а исто и тековни, ентериер но и екстериер (кон таму сум повеќе насочена), генерално станбена архитектура, викенд куќи, реконструкции, како и неколку угостителски објекти. Моментално се посветувам на магистерската која ми е голем залак и треба да ја одбранам некаде до летово…