,,Мотивацијата да се надоградувам постојано е тоа што сакам да изградам успешна архитектонска кариера” – Интервју со Христина Милошеска
Интервју со Христина Милошеска
Кажи ни нешто повеќе за себе, со што се занимаваш, кои се твоите интереси?
Моментално сум последна година на Архитектонски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје. Моите интереси се континуирано да напредувам во работата и како иден архитект да создавам квалитетни објекти коишто ќе служат на корисниците.
Што те мотивира да учиш постојано?
Мотивацијата да се надоградувам постојано е тоа што сакам да изградам успешна архитектонска кариера.
Зошто го одбра Photoshop?
За да ја подобрам графичката обработка во архитектонските цртежи.
На кој друг начин се едуцираш и го надополнуваш твоето знаење во полето на архитектурата?
Читам литература, гледам видеа со изработка на архитектонски цртежи и видеа за изведба на објекти.
Што ти беше најинтересно на обуката, а што беше најголем предизвик да се совлада?
Интересно е тоа што програмата нуди многу можности и со нивна правилна употреба архитектонскиот цртеж изгледа пријатно за човечкото око. Најголем предизвик за совладување ми беше обработка на 3Д визуелирации од екстериер и ентериер.
Омилени архитекти (домашни и странски)?
Ѓорѓи Константиновски, Живко Поповски, Петар Цумптор, Ле Корбизје