На кој друг начин се едуцираш и го надополнуваш твоето знаење во полето на архитектурата?
Посетувам саеми, изложби, собирам архитектонски списанија, кои што ги разгледувам во слободно време. Pinterest, ArchDaily, Dezeen ми се омилените платформи, таму се информирам и инспирирам. Како што спомнав, следам повеќе профили како вашиот, каде исто има едукативна содржина. Разменувам мислења со колеги…Не се скратувам да прашам што и да ме интересира и така учам нови работи.