На кој друг начин се едуцираш и го надополнуваш твоето знаење во полето на архитектурата?
Покрај факултетот, посетувам обуки, настани поврзани со архитектурата, и самостојно се трудам околу моето знаење. Многу корисно е да се одржува и учествува во социјален круг од колеги или пријатели, каде што цело време се споделуваат интересни артикли од архитектонски проекти, слики, корисни книги, блогови, документарски филмови за историјата на архитектурата и др. Во таа околност, покрај тоа што го сработувам своето истражување, истото го споделувам со заинтересирани колеги, од кои за возврат добивам фасцинантни едукативни материјали.