Живееме во време каде Инстаграмот е апликација која што повеќето од нас ја отвораме пред да ги измиеме забите наутро. Голем број од корисниците на оваа платформа ја користат за да ги презентираат нивните дизајни, производи, нивната инспирација, фотографии од патувања, нивните прекрасни комбинации за облека, храна и многу друго.
View this post on InstagramSkopje2019. #skopje #cityscape #rebornphoto @cheesebykonbini
A post shared by betto idrizi (@bettoi) on
Фокус на овој наш текст е градот и архитектурата на Инстаграм. Оваа платформа овозможува да патуваме низ различни градови, да се запознаеме со многу идеи на различни архитекти и дизајнери и да се инспирираме подобро од било кога. Исто така преку оваа социјална платформа архитектите и дизајнерите можат да се изразат, да пренесат некаква порака и да најдат фокус група која го дели истиот став.
Нашиот град Скопје има турбулентно минато. Со години се измачуваме да пронајдеме начин како да искомуницираме до авторитетите и пошироката публика за кои се квалитетните простори во нашиот град и кои згради имаат посебно значење како архитектонско така и сентиментално. Благодарение на инстаграм ние добиваме глас, добиваме простор каде што можеме да создаваме, фотографираме, да ги презентираме нашите идеи и најважно од се: да ги едуцираме луѓето за нашиот град Скопје.
View this post on Instagrammove forward #tb #skateboarding #skopje #gtc #mininalism
A post shared by Ilija Stefanovski (@mind_field) on
Ние издвоивме неколку фотографии, колажи и цртежи од млади архитекти и дизајнери кои и те како ги потврдуваат погоре наведените изјави. Уживајте!
И многу други…
Следете ги нашите социјални медиуми за да се запознаете со многу млади креативци од нашиот град.