Урбана интервенција MOOD Workshop

 

Во дворот на основното училиште Петар Поп Арсов во Скопје,  неодамна се постави урбаната интервенција MOOD Workshop од МЕЛЕЕМ Скопје која што е дел од проектот Архитектонско Биенале Тбилиси – „Што имаме заедничко?“

Овој проект е соработка помеѓу четири града: Скопје, Тбилиси, Киев и Берлин. Проектот има за цел да истражи што имаме заедничко помеѓу овие градови, но и што имаме заедничко во јавниот простор

Ментори:   Сара Симоска и Илија Стефановски

Rhino експерт:  Кристијан Ристоски

Студенти: Тамари Кенчошвили, Анастасија Ристеска,  Доган Чорба, Зизи Адемиа,  Анастасија Радовановиќ,  Наташа Димова, Елена Немсаџе

Изведувачи: Матеа Мијановиќ, Митко Дамјановски, Кирил Величков

Фотографии: Борис Јурмовски

Проектот е создаден за време на 7 дневна онлајн работилница каде учествуваа студенти по архитектура од Скопје и Тбилиси. За време на оваа работилница подетално се разработуваше темата MOOD, или какви расположенија јавните простори предизвикуваат кај нас?

 

За време на работилницата студентите размислуваа да создадат место за седење, инспирирано од театарот. Место каде луѓето може да бидат блиску еден до друг, но истовремено да ја задржат својата слобода. Целта е да се избега од класичниот начин на седење во јавниот простор, но да се создадат различни седечки позиции. Да се создаде погодна клима каде луѓето може да создадат нови односи, да се чувствуваат порелаксирано и да уживаат во јавниот простор.

За време на повеќе дискусии со студентите и нивното искуство во градовите, дојдовме до различни параметарски модели на тестови. Оваа интервенција создава простор кој е динамичен и жив и создава различни позиции за седење, но и движење на качување нагоре и надолу.

На постоечката локација, во дворот на училиштето е пронајдено едно дрво кое минува низ дрвената мрежа. На позицијата претходно имало бетонски остатоци од претходните урбани интервенции, а работилницата го користи како погодно место за позиционирање на самата интервенција.

Интервенцијата е проѕирна од сите страни поради ритамот на дрвени столбови кои се поставени на растојание од 20см. Одзади може да се гледа преку дрвената интервенција бидејќи столбовите се паралелни и нема дополнителни подградби. Ова ја прави интервенцијата лесна и светла. Вториот дел од работилницата беше изградба, каде што студентите практично можеа да го научат процесот на конструирање на интервенцијата и да научат нови вештини додека работат со дрво.

Интервенцијата која е резултат на проектантскиот процес, е работена како параметрички дизајн, што е прва примена на истиот во јавен простор во Р.С.Македонија. Изработката на локација траеше три недели, со оглед на сложеноста на проектот. 

Проектот е кофинансиран од програмата на Европска Унија, Креативна Европа и Министерството за култура на Република Северна Македонија