Дигитализација на Охридски куќи во Bim Revit – free download

Од 5ти до 16ти јули се одржа онлајн обука за користење на Bim софтверот Revit за изработка на архитектонски цртежи.

Како задача на учесниците им беа зададени Охридски куќи.

Цели на оваа обука беа:
– едукација на студентите и младите архитекти за користење на BIM софтверот Revit
– дигитализација на постоечки Охридски куќи
– материјалите за дигитализација (основи и други технички цртежи) се превземени од книгата Македонска Куќа од Душан Грабријан

Софтверот Revit се користи во целиот свет за изработка на проекти од сите размери, со помош на оваа обука учесниците стануваат поконкурентни на локалниот и светскиот пазар.

Дигитализацијата на Охридските куќи е важна за истражувања во архитектурата во нашата земја. Овие материјали ќе бидат достапни онлајн како бесплатна датотека за сите истражувачи во ова поле.

Ментор
архитект Сара Симоска

Учесници
Ален Вејселовски
Габриела Гавриловска
Ивана Манасова
Катерина Рамаданова
Александра Андоновска
Сања Чунгунчалиев
Суат Абдулаи
Александар Котевски

Куќа на Лозар, дигитализација од Ален Вејселовски
Куќа со Хипертон, дигитализација од Ивана Манасова
Хангар Куќа, дигитализација од Александра Андоновска
Муслиманска куќа, дигитализација од Сања Чугунчалиев