Од 10ти до 25ти февруари 2021 се одржа онлајн обука за користење на Bim софтверот Revit за изработка на архитектонски цртежи.
Како задача на учесниците им беа зададени станбени згради од Скопје изградени во шеесетите и седумдесетите години на дваесетиот век.
Цели на оваа обука беа:
– едукација на студентите и младите архитекти за користење на BIM софтверот Revit
– дигитализација на постоечки згради во Скопје
Софтверот Revit се користи во целиот свет за изработка на проекти од сите размери, со помош на оваа обука учесниците стануваат поконкурентни на локалниот и светскиот пазар.
Дигитализацијата на станбените згради е важна за истражувања во станбената архитектура во нашата земја. Овие материјали ќе бидат достапни онлајн како бесплатна датотека за сите истражувачи во ова поле.
Ментор
архитект Сара Симоска
Учесници
Емилија Цветкова
Даниела Василева
Мартина Георгиева
Павел Ристов
Сара Трајкова
Стефанија Соколовиќ
Лара Герасимова
Нина Стрезовска
Христијан Пелтековски
Ружица Станковиќ
Спушти ги цртежите со кликање на сликата и текстот.
Во секоја папка има Revit file и DWG file.
Доколку сакаш да бидеш дел од следната обука за Bim Revit остави ги твоите информации со пополнување на формата.
Доколку сакаш да бидеш дел од следната обука за Bim Revit остави ги твоите информации со пополнување на формата.