Уште во античко време, низ сите периоди од постоењето на човештвото, човекот се фасцинирал од сонцето, неговата енергија, боја и светлина. Постоеле многу култови во сите култури кои што го […]
“Градот е една голема модна писта, каде што во изобилие се среќаваат архитектонски градби, урбани објекти, различни култури и индивидуи, кои сами по себе се навистина инспиративни и даваат визија за одреден дизајн или колекција.” – Разговор со Димитар Бабков
Димитар Бабков е основач и моден дизајнер во “SON OF SALON”. Тој го лансираше брендот во 2020 година по пет години работно искуство со некои од најпрепознатливите имиња во локалната модна индустрија. Тој, исто така, беше еден од финалистите на регионалниот натпревар за млади дизајнери NOIZZ Fashion Awards во 2017 година во организација на Белградцката Модна Недела. Во фокусот на неговата дизајненска работа се уништените човечки вредности. Голем дел од неговите дизајни се рачно изработени извезени и плетени детали. Прочитајте повеќе…
“Од моите први чекори во графити светот, Куманово го замислував во боја, бев млад и сакав да направам промена..” – Разговор со Младен Трендевски
Младен Трендевски – Тpeндо е уличен уметник од Куманово, кој со години наназад се обидува со своите разнобојни графити да ги прекрие темните и запуштените места во градот. Графитите, кои некои често ги отфрлаат како вандализам, се енергична форма на изразување која еволуираше во легитимно уметничко движење. Појавувајќи се од улиците, графитите го надминаа своето бунтовничко потекло и станаа моќно средство за комуникација, културно претставување и социјален коментар. Разговоравме за влијанието на градитите врз градот со Трендо, прочитајте…
,,Инспирацијата доаѓа од секаде, тоа зависи од тебе колку си “буден“ и колку и кој дел од секојдневието знаеш да го украдеш за да го пренесеш во твојте дела.” – Разговор со Давор Кешќец
Давор Кешќец е млад артист од Скопје кој развива сопствен стил, длабоко инспириран од поп-артот и рокенролот кои се културни феномени на тотално различна ера. Го прашавме неколку прашања, прочитајте во текстот…
,,Улиците ги доживувам како крвотокот на градот, без кој нема да има ништо од градскиот живот, сè почнува и завршува таму.” – Разговор со Андреј Јосифовски
Андреј Јосифовски е творец од Белград, кој се бори културата и уметноста да добијат место во општеството кое што треба да го имаат, со главна цел: општеството да стане похумано и подобро. Тој ни привлече внимание со неговите уметнички дела во јавен простор. Го прашавме неколку прашања, прочитајте во текстот…
,,Содржините поврзани со овој град се доминантни, па така го креирав хаштагот #ГрадотСоВкусНаСимит.” – Разговор со Роберт Крстевски
Роберт Крстевски е личност што има интерес кон сите уметности, но најголем кон фотографијата. Па така близу деценија го води неговиот блог www.robertkrstevski.blogspot.com. Во почетокот споделувал само фотографии, но потоа воведол нови содржини и нови рубрики. Го прашавме неколку прашања, прочитајте во текстот…
Кои познати згради во светот биле резултат на интернационален архитектонски конкурс?
Архитектонските конкурси играат клучна улога во обликувањето и влијанието врз одлуките донесени во градот од различни причини. Тие обезбедуваат простор за архитектите, урбанистите и градските власти да направат информирани и иновативни избори кои на крајот влијаат на развојот и целокупната благосостојба на урбаната средина. Еве неколку клучни причини зошто конкурсите за архитектура се важни за донесување одлуки во градот:
Зошто архитектонските конкурси се важни за правилен развој на еден град?
Архитектонските конкурси играат клучна улога во обликувањето и влијанието врз одлуките донесени во градот од различни причини. Тие обезбедуваат простор за архитектите, урбанистите и градските власти да направат информирани и иновативни избори кои на крајот влијаат на развојот и целокупната благосостојба на урбаната средина. Еве неколку клучни причини зошто конкурсите за архитектура се важни за донесување одлуки во градот:
Како архитектонските конкурси можат да ја унапредат кариерата на младите архитекти?
Архитектурата е поле кое напредува како резултат на иновации, креативност и извонредност на дизајнот. За амбициозни архитекти, патувањето за воспоставување успешна кариера во оваа индустрија може да биде високо конкурентно и предизвикувачко. Еден начин на кој архитектите можат да се истакнат и да имаат значително влијание врз нивните кариери е со учество на конкурси за архитектура. Во овој блог, ќе ја истражиме важноста на натпреварите во архитектурата и како тие можат да ја поттикнат кариерата на архитект до интернационални размери.
Просторот, во овие 8-9 години каде што живеам во градов, тековно еволуира, нешто во добар правец, нешто во правец на пребрза и преголема урбанизација, но јас се чувствувам само како набљудувач и уживам во се што ме опкружува. – разговор со Марио Манески
Марио е роден во Кичево, во 1995 година, израснат во угостителско семејство, со голема пасија за комуникација, креирање, добар дизајн, убави велосипеди, автомобили, мотори, облека, парчиња мебел, ајвар, салати, добро кафе, и најважно – уживање во животот. Комбинација сум од неколку различни правци – вели Марио, почнувајќи од угостителство, заедно со кулинарство, продолжувајжи со креаторство – цртање на платна и уживање во фотографирањето, а како трето, почитувач – и во иднина, би сакал да бидам и колекционер на фините креации од светот на велосипедизмот, автомобилизмот, мотоциклизмот… Прочитајте за што разговаравме.
Бордо бојата за нас има врска со земјените тонови и е архитектонски интересен акцент, а е многу пријатен за око дури и за клиенти кои не се љубители на бои и експериментирање. – Разговор со Space Drafts Studio од Србија
Space drafts studio е младо интерактивно мултидисциплинарно студио на српската архитектонска сцена, основано од архитектката Леа Павловиќ. Студиото се стреми кон модерни технологии и процеси на дизајнирање, како и автентични, современи резултати кои вклучуваат иновативни материјали, парчиња мебел и целокупниот амбиент. Во исто време, студиото се стреми кон голема креативност, која создава особено креативни простори дури и од наједноставните елементи.
На неверојатен начин се испреплетени елементите на модерното со традиционалното градејќи еден вид на хармонија, не обидувајќи се да се натпреваруваат меѓусебно – Разговор со Елена која е на патување во Јапонија
Елена Зареска студира архитектура на Архитектонскиот Факултет во Скопје. Таа од детство го има развивано интересот кон Јапонската култура, архитектура, анимација, книжевност и уметничката сцена. Нејзиниот татко ги завршил своите магистерски студии во 90тите во Јапонија, па така дополнително имала влијание преку неговите прикаски за време на растењето. Разговаравме малку со нејзе околу Јапонија и еве што ни кажа…
Трансформативното влијание на спортските простори на отворено врз нашиот град
Нашиот град е раздвижен од живот и не е тајна дека сите ние се стремиме да одржуваме поздрав начин на живот. Меѓутоа, среде бетонската џунгла, честопати копнееме по освежувачките отворени и зелените површини. Тоа е местото каде што спортските сали на отворено влегуваат во игра. Овие фитнес центри на отворено никнуваат низ градот, носејќи бројни придобивки не само за поединци, туку и за нашиот град како целина.
Како учиме да го сакаме центарот на градот Скопје
Сите ние кои што сме родени, пораснати, образовани и дел од нас и работиме во Скопје, сме се нашле себеси во даден момент од животот на раскрсница, поставувајќи си го следното прашање : Да го напуштиме овој град или да му дадеме уште една шанса? За време на поминување на повеќе вакви раскрсници низ текот на животот, се бориме во константно наоѓање позитивни аспекти од нашиот град. Тежнеејќи кон скриената убавина, среќа и задоволство, почнавме да гледаме убавина и во навидум несовршените аспекти на нашиот град како: дупки на улица, дупки на фасада, нервозни возачи, недоволни пешачки патеки,… Во овој текст решивме да напишеме како ние почнавме да го романтизираме нашиот град, Скопје.
Романтизирање на нашиот град Скопје
Сите ние кои што сме родени, пораснати, образовани и дел од нас и работиме во Скопје, сме се нашле себеси во даден момент од животот на раскрсница, поставувајќи си го следното прашање : Да го напуштиме овој град или да му дадеме уште една шанса? За време на поминување на повеќе вакви раскрсници низ текот на животот, се бориме во константно наоѓање позитивни аспекти од нашиот град. Тежнеејќи кон скриената убавина, среќа и задоволство, почнавме да гледаме убавина и во навидум несовршените аспекти на нашиот град како: дупки на улица, дупки на фасада, нервозни возачи, недоволни пешачки патеки,… Во овој текст решивме да напишеме како ние почнавме да го романтизираме нашиот град, Скопје.