Обуката е наменета за сите студенти по архитектура и архитекти кои сакаат да ја искористат оваа алатка за да ги подобрат своите вештини, а потоа активно да ја користат истата за изработка на архитектонски цртежи и проекти. Обуката исто така е наменета и за оние кои немаат никакво познавање од софтверот, но и за оние кои веќе имаат мало познавање, но сакаат да направат брз напредок и да го користат софтверот.
Зошто да се запишеш?
Освен што ќе заштедиш време и буџет за изработка на проекти, со користење на овој софтвер ќе станеш конкурентен на домашниот и светски пазар на труд. Ќе можеш подобро да ги презентираш своите идеи пред домашните и странските инвеститори, а со тоа и да си обезбедиш постабилна заработувачка и подигнување на цената на твојот проект заради поквалитетното претставување на истиот.
На кој принцип се учи?
Обуката опфаќа стручен и детален пристап со кој ги покриваме сите елементи на софверот преку практична едукација. Покрај суштинското разработување на програмата со цел да се зајакне вашиот перформанс на работа, обуката вклучува и tips and tricks за користење на BIM Revit од искусен архитект – менторот Сара Симоска. Обуката се одржува онлајн во помали работни групи за да можете да го постигнете максимумот.
НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
За да се пријавите на обуката потребно е да:
1. Извршите уплата (препорачливо со електронско банкарство или на шалтер) на ПП30 уплатница:
Сметка на налогопримач: 210068847250276
Назив на налогопримач: Здружение за развој на урбана култура и актуелизација на простор МЕЛЕЕМ Скопје
Адреса на налогопримач: Карпош – Скопје
Цел на дознака: Партиципација за обука за арх. цртеж – Revit.
Откако ќе ја ивршите уплатата испратете ни фотографија од уплатницата на info@meleemskopje.com
Доколку имате било какви прашања, поставете ни ги на info@meleemskopje.com
Што ти е потребно доколку се запишеш на обуката?
Секој учесник треба да има инсталирано на својот компјутер Revit Architecture за квалитетно следење на обуката. Можете да ја симнете студентската или „trial“ верзија на официјалниот вебсајт на Autodesk Revit. Автоматски со уплатата резервирате место на обуката
1. Сакам да прашам кое време во текот на денот би се одржувал курсот по Ревит и колку часа дневно би траел истиот?
МЕЛЕЕМ: Обуката ќе се одржува од 17:00 часот, но во договор со групата терминот може да се помести во 18:00 часот. Секој час трае по 90 минути (предавање и вежби) и 1 час домашна работа.
2. Дали бројот на учесници е ограничен? МЕЛЕЕМ: Бројот на учесници не е ограничен.
3. Каде ќе се одвива обуката? МЕЛЕЕМ: Обуката се одвива online, сите во својот дом.
4. Дали е потребно претходно познавање на софтверот? МЕЛЕЕМ: НЕ, немате потреба од претходно познавање на софтверот. Обуката е дизајнирана да ви го објасни софтверот од самиот почеток.
5. Дали за обуката BIM Revit е потребно претходно познавање на некој 3D софтвер или доволно е AutoCAD 2D? МЕЛЕЕМ: Нема потреба од познавање на друг софтвер. Доволно е да го имате инсталирано Bim Revit на вашиот компјутер.
Доколку имате прашање пишете емајл на info@meleemskopje.com
Слушнете за обуката од менторот
*Погледнете ги проектите изработени од ментор архитект Сара Симоска, можете да го погледнете и нејзиното портфолио на www.sarasimoska.com
Доколку се пријавите и го откажете вашето присуство заради лични причини, уплатените средства за партиципација можат да се вратат до 14 дена по уплатата.