Зошто BIM ќе доминира во архитектурата во иднина?

Фото: Леона Соломовска

BIM (Building Information Modeling) е новиот предводник во архитектурата што служи за правилно справување со комплексноста на дизајнот. Тоа е интелигентен пристап базиран на модели што го користат сè поголем број на архитекти за редефинирање на дизајнот и изградба на зградите.
Пред BIM, архитектите користеле 2D CAD (компјутерски потпомогнат дизајн) за да создадат згради, а со цел да стигнат до конечниот дизајн на зградата, требало да ги ревидираат плановите и по неколку пати  како и одржат неколку состаноци со клиентот. 
Оние што порано почнале да го употребуваат BIM веќе се обидуваат да го подобрат процесот на работа. Архитектите стануваат свесни дека користењето на BIM е неопходност, а не само можност. Дизајнерите користат BIM со цел да создадат дигитални 3D модели кои имаат физички и функционални својства.

На овој начин соработката помеѓу архитектите, инженерите и изведувачите овозможува подлабоко разбирање за тоа како работата на секој поединец се вклопува во целиот процес.

Воден од светските трендови, бизнисот на AEC (Architectural Engineering and Construction) доживува вистинска револуција. Мноштвото технолошки достигнувања им овозможуваат на индустриските експерти да работат поефикасно и поефективно. 
Ова е потврдено со неодамнешниот истражувачки извештај на Marketsand Markets, кој предвидуваше дека пазарот за моделирање на информации за згради ќе достигне 10,7 милијарди американски долари до 2026 година. 
Иако архитектурата ја сметаат за професија која задоцнува во усвојувањето на новите технологии, архитектите имаат корист од алатките што ги нуди BIM додека се изработува дизајнот, изградбата како и за сите последователни употреби. Тие создаваат дигитален 3D модел на зградата што вклучува информации за секој градежен елемент со цел да се управува со сите информации поврзани со архитектонските проекти, како и да се развијат „forward-thinking buildings“ со високи перформанси. 

Многу процеси во архитектонската практика зависат од таканареченото „tacit knowledge“, кое иако е ефективно во неговата примена, не секогаш е вистински разбрано. Затоа, архитектонската дисциплина мора да се поедностави на нејзините фундаментални задачи. BIM е техника за подобрување на работниот тек и придонесува кон целиот процес на работа. Тој е заеднички ресурс на знаење што им овозможува на архитектите и соработниците да складираат и пресметуваат комплицирани пресметки што може постојано да се менуваат со текот на работата. Поради бројните поволности и привилегии при користење на BIM во архитектурата, BIM станува основа за сите идни достигнувања во градежната индустрија. 

Во продолжение следуваат седумте најоправдани причини зошто BIM ќе доминира во архитектурата во иднина:

1. Забрзување на процесот на дизајнирање

Архитектите и дизајнерите сега се свесни дека можат да ја користат технологијата за да ја изразат креативноста додека ги развиваат концептите и идеите. Сепак, вклучувањето на научно и технолошко знаење во процесот на дизајнирање го усложнува дизајнот. Затоа, комбинирањето на формата, функцијата, контекстот и технологијата станува потешкотија за повеќето архитекти.
За среќа, BIM е тука да ги зајакне способностите на работниот тек и да помогне во целиот процес на дизајнирање. Преку истовремено дизајнирање и автоматизација на проектната документација, BIM помага да се забрза процесот на дизајнирање.
Промените во дизајнот на сите документи истовремено резултира со побрза обработка и помалку грешки. Кога некој елемент во моделот ќе се измени, секој приказ се ажурира, а новата модификација е видлива во „section“, „elevation“, и „sheet views“.

2. Детална визуелизација

Архитектите можат да имаат корист од попрецизни и пореални визуелизации и да добијат побрзо одобрување за проектот. БИМ им овозможува на архитектите да креираат 3D репрезентации кои имаат одреден степен на детали и невизуелни информации над она што го постигнала градежната индустрија.
Покрај визуелизирањето на структурата на основните 3D димензии како што се висината, должината и длабочината, BIM на архитектите им обезбедува информација за времетраењето и цената на секој чекор.
Освен тоа, за попрецизна слика на конечниот резултат, дизајнерскиот модел може да биде придружен со моќта на извонредната визуелизација која ги трансформира 3D BIM моделите во интерактивни просторни дизајнерски искуства за корисниците да ги истражуваат.

3. Задржување на интелигенцијата на моделот од концепт до конструкција

Од најраниот концепт до финалната фаза на изградба, BIM ја задржува интелигенцијата на моделот и им помага на архитектите да ги рафинираат и преобликуваат нивните дизајни.
Дизајнот е база на податоци што се акумулира со текот на времето и може да се користи за да се донесат подобри одлуки порано во процесот на дизајнирање. Информациите се лесно достапни, а ако податоците се оштетат, секогаш можете да се вратите на последната зачувана верзија.
Овие прецизни записи за модификации покажуваат и кој член на тимот сменил одреден детаљ. Бидејќи моделот ги содржи сите потребни податоци, архитектите може да ги користат информациите за моделот со цел да ја подобрат фазата на изградба. Затоа, зградите може да преминат во фаза на изградба за пократко време.

4. Засилена соработка

BIM е ресурс на знаење кој им овозможува на архитектите и соработниците да складираат и пресметуваат комплицирани пресметки во текот на целиот процес.
Благодарение на „cloud-connected“ технологии проектните тимови можат многу поефикасно да соработуваат. Сите архитекти и професионалци во тимот, како што се електроинженерите, ќе имаат пристап до најновиот дизајн и ќе можат да ги документираат нивните промени. Затоа, со BIM секоја неизвесност е отстранета.
Дополнително, чувањето и споделувањето сè на едно место им овозможува на клиентите да дадат свое видување заедно со архитектите дури и ако не можат да се сретнат лице в лице. Со поголема соработка, информациите се во секој момент јавно достапни за сите страни, а на тој начин се случуваат помалку судири на идеи.

5. Ефикасност

BIM внесува ефикасност и квалитет во целиот работен процес и го намалува обемот на работа на оние кои секојдневно работат со BIM. Во текот на животниот циклус на проектот, аспектите како што се планирање на просторот, анализа на енергија, пресметковен дизајн, анализа на светлина и дневна светлина, итн., можат да имаат корист од податоците собрани од BIM. Затоа, ефикасноста се обезбедува со минимизирање на бројот на грешки со кои може да се сретнат архитектите, изведувачите и инженерите.
Со ефикасното планирање на BIM, ризикот од неочекувани грешки што го забавуваат проектот со денови или недели наназад – станува сè помал.

6. Значително влијание врз животната средина

BIM е исто така корисна алатка за намалување на емисијата на јаглерод диоксид. Енергетскиот модел на зградата може да се развие за да се анализира енергетската ефикасност, да се утврдат кои се најефикасните енергетски материјали, како и карактеристиките на регенеративниот дизајн. Деталните податоци за анализа на материјалот, симулација на температура, одржување на опремата и термички перформанси од раната фаза на дизајнирање, па се до грижата за завршената зграда нудат максимална енергетска ефикасност и удобност.

7. Можности за работа

BIM моментално го привлекува вниманието на младите архитекти кои сакаат да изградат добра кариера. Специјалистите за BIM се многу барани бидејќи сите иновативни компании веќе успешно работат со BIM. Архитектите кои го имаат совладано BIM добиваат експоненцијално зголемување на платите поради нивните вештини и способности за управување со проектите постигнувајќи голема ефикасност и квалитет.
Поединците можеби ќе треба да надминат некои предизвици за да ги исполнат барањата на современите BIM практики; Но сепак – вреди.

Заклучок

Конечно, архитектите можат да ја подобрат базата на податоци во нивниот дизајн што се акумулира со текот на времето, а тоа може да се искористи за да се донесат подобри одлуки во пораните процеси на дизајнирање. Затоа, со BIM се испорачува поквалитетен краен производ. Дополнително, BIM ја подобрува ефикасноста и ефективноста во фазата на изградба со тоа што нуди увид во конструктивноста на дизајнот и подобро познавање на идните дејствија како и одржување на зградата.

Несомнено, постои неопходна потреба архитектонската професија да ги промовира позитивните аспекти на BIM со цел да се постигне убедлив напредок.