Сара Симоска е архитект со Магистерски студии на универзитетот Politecnico di Milano во 2016та и додипломски студии на Архитектонскиот Факултет во Скопје.
Сара е ко-основач на МЕЛЕЕМ Скопје, организација на млади архитекти, која што организира низа на настани, работилници, обуки и друго за младите архитекти на теми поврзани со архитектурата, урбанизмот и посебен фокус на јавните простори.
Сара е исто така основач на своето студио Сара Симоска Архитектура со кое има работено на интернационални конкурси за архитектура, ентериери на домови и ресторани и дизајн на мебел.
www.sarasimoska.com