Разговори помеѓу искусни и помалку искусни архитекти, како и студенти по архитектура, со главна цел размена на искуства, идеи, мотивација и креативност.
Презентирај ја твојата работа пред твоите колеги, инспирирај се од другите архитекти, најди соработници за идни проекти и или практиканти за твојата фирма.
Биди дел од организација на настанот, научи како се организира настан од овој тип, создади менаџерски вештини кои што ќе ти бидат корисни за твојата кариера.
зошто архи разговори?
Во изминатите 5 години видовме значително подобрување на архитектонската сцена во нашата земја, тоа е резултат на повеќе фактори како: поголема активност во интернет светот со информации за проблемите и можните решенија во архитектурата, едукација на архитектите во странски земји, зголемените патувања, критичката мисла и многу повеќе. Веруваме дека преку споделувањето на идеи, мисли, сознанија на настани организирани за архитекти, можеме овој тренд да го засилиме и да создадеме вистинско влијание на новите генерации, во чии раце оваа професија доаѓа.
за кого се наменети архи разговори?
Архи разговори се наменети за: студентите по архитектура, како главна група од интерес за сите активности на МЕЛЕЕМ, потоа за сите млади архитекти, поискусни архитекти и сите заинтересирани граѓани. Целта на сите наши активности е да ги подобриме условите во кои студентите по архитектура и младите архитекти се наоѓаат, да им понудиме повеќе програма, да ги инспирираме за да имаат подобра почетна точка во својата кариера, во период кога се најранливи.