|ВЕБИНАР ACIMVB, ЗА МЛАДИ АРХИТЕКТИ И СТУДЕНТИ ПО АРХИТЕКТУРА

MELEEM организира вебинар во областа на архитектурата со млади предавачи, европски архитекти, кои ќе споделат разни искуства на интересни теми.

Датуми на одржување:

|13ти и 14ти јуни 2020 ГОДИНА|

Учесниците на вебинарот ќе имаат можност директно да се вклучат и да разговараат со предавачите, да отворат дискусии и да впиваат искуства преточени преку примери.

Зошто оваа тема?
Што значат овие зборови за нас архитектите? Што значат овие зборови за нашите градови? Архитектонски конкурси, инцијативи и медиуми и Венециско Биенале?
Дали тие навистина ги менуваат, ги подобруваат, создаваат иновација во нашите средини, или тие се само наследни начини за справување со некои прашања во врска со архитектурата и се тотално апстрактни и немаат поврзаност со современиот свет.

На овој вебинар, поканивме млади архитекти од Европа кои создаваат не само значајни, туку и различни и иновативни пристапи за справување со проблемите во архитектурата.

Сите знаеме дека наоѓањето работа како млад архитект е тешко каде и да сте. Потребата да се реоткриеме себеси е неопходна. Па така, бевме поттикнати да понудиме нови начини за приближување кон архитектурата.

Повеќето од нашите гости освоија важни конкурси, презедоа иницијативи во нивните градови или се дел од биеналето на Венеција. Што сакаме да ги прашаме? Како веруваат дека овие искуства ги смениле градовите во реалноста? Што треба да се смени, подобри?

Ова е широка рамка. Темата е многу отворена, секој гостин може да зборува за она што смета дека е важно. Она за што се грижиме е ефектот на нивната работа врз животната средина, архитектурата, медиумите, градското опкружување …

Прочитајте повеќе за предавачите:

Бекир Адеми BINA -SKOPJE
Бекир Адеми е архитект кој е предводник на групата која ќе не претставува на овогодинешното Венециско Биенале, насловено: NOW, тој исто така има учествувано на оваа изложба и во 2012та година. Тој како архитект има работено на повеќе проекти и учествувано и победено на конкурси како:
-Скендербег плоштад, Скопје, реализиран проект, 2011-2020,
-Урбана плажа – Скопје, реализиран проект во 2010 година,
-Универзитетски кампус – Скопје, СЕЕУ, 2010 година.

ТА.Р.И Архитекти – РИМ
Клаудија Ричарди и Марко Танцили се млади архитекти, учесници на многу меѓународни конкурси и проекти во посета на далечни нации и култури како Јужна Кореја, во Турција, Франција, САД и други.
Фирмата неодамна беше избрана меѓу 10-те најдобри италијански фирми под 36 години и ја освои третата награда како најдобра италијанска фирма под 35 години, како и награда за најдобри нови млади архитекти во Европа под 40 години. Нивни достугнувања:
-наградата „YIA Young Italian Architects“, Венеција, 2018 година,
-прва награда за дизајн на концепти за станбен дом и развој на живеалиштата, Русија, 2018 година,
-втора награда за меѓународен натпревар за нова фабрика за цигари од Нанџинг, Кина, 2020 година,
-втора награда за меѓународен натпревар за паркирање на Ново Борго Маџоре, Сан Марино, 2019 година, и многу други.

Погледнете повеќе на нивниот веб сајт

Ирген Салианџи Architects for Urbanity – РОТЕРДАМ
Ирген Салианџи е архитект и истражувач за прашања во врска со политиката, современата култура и урбанизмот. Тој е награден на неколку меѓународни конкурси за архитектура, како што се Музејот Нов Баухаус во Десау и победник на новата Регионална библиотека Варна. Негови достигнувања:
– прва награда на натпреварот Регионална библиотека Варна во Варна, Бугарија, Конкурс 2015 година,
– втора награда на натпреварот на терминалот во Грција, 2017 година,
– трето место за натпревар „Хибриден град “ во Слузубурт Амстердам, Холандија, 2017 година.

Погледнете повеќе на веб сајт

Ристоски Кристијан – Технички Универзитет ГРАЦ
Тој е млад архитект. Своите архитектонски искуства ги пренесува како студентски асистент на институтот за архитектура и медиуми на Технички универзитет во Грац- Австрија. Негови достигнувања:
– Истражувач асистент Digital Chamba – The cultural heritage of Chamba digitalisation project.
– 3Д моделирање и визуелизација во архитектурата во Bildermehr.
Неговата работа е поврзана со истражување и користење дигитални медиуми во архитектурата и дизајнот, со акцент на Дигитализација, дигитална фабрикација и Augmented Reality.

Погледнете повеќе на веб сајт

Марија Димитриевска – Архитектуранова – СКОПЈЕ
Таа е основач на Архитектура нова – студио за архитектура чии проекти се стремат да формираат и балансирана кохерентност
на контекстуални случувања, честопати тестирани преку работата на разни архитектонски конкурси.
Таа е добитник на следните награди:
– втора награда за парк во Карпош, 2020,
– втора награда за културен центар и медијатека во Кичево, 2019,
– трета награда за објект во парк – ресторан Езерце, 2014,
– втора награда за објект на основно училиште во Капиштец, 2013.

Погледнете повеќе на веб сајт

Срдан Над – Grupo H – КРАЊ
е архитект кој има учествувано на многу интернационални конкурси. Тој исто така се занимава со дизајн на мебел, неговиот дизајн бил изложен на големата изложба Salone del Mobile во Милано. Исто така тој е новинар во словенското архитеконско списание Outsider каде пишува критички текстови за архитектурата. Негови позначајни награди се:
-прва награда – Отворен меѓународен натпревар за дизајн на идејно домување и станбен развој, Руска Федерација, 2018,
-втора награда – Отворен меѓународен натпревар за алтернативен дизајн на распоред во стандардно домување, Руска Федерација, 2018,
– награда на архитектонски конкурс на Натан Куп, Кина, 2017 година.

Погледнете повеќе на веб сајт

Сара Симоска- МЕЛЕЕМ – СКОПЈЕ
Сара е магистер по архитектура при Политехничкиот универзитет во Милано. Таа е основач на МЕЛЕЕМ Скопје, како и архитект во студиото Сара Симоска Архитектура. Сара е главен иницијатор на сите работилници, проекти, дискусии од МЕЛЕЕМ. Со нејзината работа има освоено награди:
– Усаид награда за младинско учество, 2019,
– номинација за Европска награда за современа архитектура Мис Ван Дер Рое 2019,
– Big see wood design award – city and community за МЕЛЕЕМ Скопје – Љубљана Словенија,
– втора награда на конкурс за станбени згради во Русија, 2018,
– победник за дизајн на конкурс Temporary Living Space, Molteni&C| Dada во Болоња, Италија 2017.

Погледнете повеќе на веб сајт

Дејан Тодоровиќ – БЕЛГРАД
Тој е асистент на Архитектонскиот факултет, на универзитетот во Белград и е докторанд на Факултетот за технички науки во Нови Сад.
Автор на Центарот за обука и тестирање Würth во Белград (награден проект за внатрешен дизајн).
Тој исто така предводи многу интересни проекти со студентите по архитектура од Белград, како на пример последниот дизајн проект за справување со Covid – 19. Види на линк.

KONNTRAСКОПЈЕ
KONNTRA е младо архитектонско студио основано од Мирјана Лозановска, Силвија Шалева и Ерик Јуришевиќ и кое во изминатата година оствари исклучително успешни резултати во низа натпревари од областа на архитектурата и дизајнот. Студиото е формирано во Хрватска, Македонија и Словенија и оваа година е дел од интернационалниот тим за претставување на Унгарскиот павилјон на 17то Венециското Биенале 2021 година. Позначајни награди:
– прво место – Архитектонски проект за Средно економско училиште и спортска сала во Вуковар, Хрватска, 2018 година,
– четврто место – Архитектонски проект за  Детска градинка во Загреб, Хрватска, 2018 година,
– прво место – Архитектонски проект за уредување на Градски плоштад за традиционални занаети во Вараждин, Хрватска, 2018 година.

Погледнете повеќе на веб сајт

Повеќе гости ќе бидат објавени наскоро

Износ за учество :
до 5ти јуни 200 ден
од 5ти до 13ти 300 ден

НАЧИН НА РЕГИСТРАЦИЈА

За да се регистрирате на вебинарот треба да:

  1. Извршете уплата (препорачливо со електронско банкарство или на шалтер)
    на ПП30 уплатница
    Сметка на налогопримач
    210068847250276
    Назив на налогопримач
    Здружение за развој на урбана култура и актуелизација на простор МЕЛЕЕМ Скопје
    Адреса на налогопримач
    Карпош – Скопје
    Цел на дознака
    Вебинар ACIMVB  
  2. Да ја испратите уплатницата на емајл meleemskopje@gmail.com.

Доколку веќе сте се пријавиле на Обука за 3Д визуелизација, добивате бесплатна регистрација за вебинарот ACIMVB.

За повеќе информации може да се обратите на ⬇
frosinameleem@gmail.com