ДОМОТ Е НАШ

EN|MK

Следете нè:  fb icon google_circle_black-128 64x64 youtube instagram-icon

Настанот ДОМОТ Е НАШ, организиран од МЕЛЕЕМ, се одржа на платото кај студентскиот дом “Гоце Делчев” во Скопје на 21ви септември 2013 година. Целта на настанот беше да се заживее овој простор низ кој секојдневно се движат студентите, но го занемаруваат неговиот квалитет. Исто така, целта беше да се посочи просторот и до надлежните институции кои се одговорни за негово одржување.

Програмата на настанот вклучуваше :

1. Расчистување на просторот (косење на тревата од страна на Паркови и Зеленило, собирање на ѓубре и поставување на канти од ПАКОМАК)

2. Предавање на проф. Георги Константиновски – архитект на комплексот

3. Проекција на краткометражните филмови
Големиот Петар – Лавинија Софрониевска
На пат кон дома – Дина Дума
Помеѓу – Владимир Митревски Ѓуле

4. Аудио визуелен настап на Lepi Xhoni vs Krist Krst

5. Dj set на DJ CJ

6. неочекуваниот Бит бокс на Тео и Никола, студенти од домот “Гоце Делчев”

Настанот немаше да биде целосен доколку не ни помогнаа портирката на блок А и портирот на блок Б во обезбедување на столчиња, како и хигиеничарките кои ни помогнаа да го изметиме ѓубрето.

Сите фотографии се од Арно Лануије.